Демократска сила на Ромите го одбележа 8-ми април

Ромите во Македонија максимално ги уживаат граѓанските, политичките и индивидуалните човекови права и слободи, но се уште не се целосно интегрирани во општеството. Ова беше истакнато на свечената манифестација која се одржа денеска во Центарот за култура Трајко Прокопиев, по повод 8-ми април, Светскиот ден на Ромите, а ја организираше партијата Демократска сила на Ромите. Пред присутните се обрати претседателот на Демократска сила на Ромите во Македонија, Шабан Салиу кој истакна дека состојбата на ромската…

Read More

Тренинг обука на млади волонтери од Куманово

Во организација на здружението  „Кумановски акцијаши“  денеска се одржа тренинг процес  за едукација на првата генерација млади волонтери кои во текот на обуката  ќе бидат запознаени со функционирањето и начинот на организирање на сите меѓународни  релевантни фактори , поаѓајќи од УНИЦЕФ, УНЕСКО, ОБСЕ, како и на дипломатските претставништа кои имаат искуство со областа волонтеризмот. На обуката присуствуваа волонтери од  од 9 до 17 годишна возраст.
-Сега презентација вршат претставници на Советот на млади при американската амбасада…

Read More

Жените го „прекројуваат “ буџетот

Изградба на градинки, проширување на градскиот кеј, озеленување на јавните површини, асфалтирање на улици во градот се само дел од предлозите на кумановки кои што би сакале да бидат реализирани во наредниот период од локалната самоуправа. Жените од Куманово во улога на градоначалнички денеска добија можност да го „прекројат“ општинскиот буџет за 2016-та , односно да кажат како да се потрошат парите од буџетот. Ова е дел од третата мартовска кампања „Жените буџетираат!“ на Акција…

Read More

Семејството Ангеловски од Доброшане гладува

Без основни услови за егзистенција живее петчленото семејство Ангеловски од населбата Доброшане. Столбот на куќата, 52 годишниот Јово иако пред пет години има вградено два бај паса поради проблеми со срцето е принуден самиот  да се грижи за одржување на целото семејство  бидејќи неговата 14 години помлада сопруга Марина не е работоспособна . Поради психичката состојба  во која се наоѓа откако го родила првото дете ,  таа прима постојана социјална помош, чиј износ  последниве два…

Read More

Продолжува реконструкцијата на улиците

Улицата Крушевска република, која се наоѓа во близина на општата болница, како и делови од Сава Ковачевиќ и Боро Прцан, наскоро ќе добијат бекатон плочки. Градежна екипа утринава работеше на тампонирање на улиците. Од Секторот за урбанизам при Општина Куманово информираа дека бекатон плочки ќе бидат поставени на околу 1.800 метри квадратни.  Овој зафат е дел од програмата за санација и одржување на патната инфраструктура во градот и периферијата. Жителите истакнаа дека се задоволни од…

Read More

Укинат притворот на претседателот на судот

Претседателот на Основниот суд, Муса Сулејмани пред неколку денови е пуштен од притвор. По 5 ипол месеци тој е ослободен, откако вложил жалба до Врховниот суд. Наводно тој доаѓа на работа, а Судскиот совет треба да одлучи дали ќе се врати на лидерското место во кумановскиот суд или ќе работи како судија.
По неговото апсење за вршител на должноста претседател беше назначен Беџет Елези. Сулејмани беше уапсен во октомври минатата година, откако ја доби мерката притвор,…

Read More

Ликовната колонија„ Куманово “ во Париз

Осумнаесет дела од светски реномирани уметници, но и од македонската ликовна сцена в четврток ќе бидат претставени на изложба во Амбасадата на РМ во Франција, конкретно во Париз. Според директорката на Националната установа Музеј Анита Цветановска , станува збор за ретроспективна изложба на делата од четириесетгодишното постоење на  ликовната  колонија „Куманово“ . Изложбата во Париз е проект кој е влезен во годишната програма на  Министерството за култура за тековната година, додава Цветановска.
– Одбрани се осумнаесет…

Read More

Обука за младите „ Од идеја до бизнис“

Дваесетина млади до 27 години од општините Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово  викендов  беа дел од обуката„ Од идеја до бизнис“ која се реализира во рамките на проектот„Преку младинско претприемништво до рурален развој “. Целта е да  се зголеми самодовербата и претприемачкиот дух на младите и да бидат активни чинители на промени во нивниот  живот и на промени во заедницата,  вели Дивна Јанкова од здружението Доверба кое го реализира проектот поддржан од Владата на…

Read More

Центарот за плански развој дел од конзорциум

Центарот за плански развој при Североисточниот регион неодамна потпиша договор за соработка и формирање на конзорциум на развојни агенции во југоисточна Европа. Од Центарот истакнаа дека соработката со неколкуте развојни агенции, ќе им придонесе при аплицирање за европските фондови, стекнување нови знаења и слично. Иницијатор на конзорциумот е развојниот центар Срце на Словенија.
-Во подготовка сме на еден акционен план кај што ќе побараме помош и од европските институции за одржување на овој козорциум за развој,…

Read More

ТВ Плус одбележа една година постоење

По само една година постоење, телевизија Плус со точни, навремени, актуелни, објективни  и пред се независни информации, успеа да ја добие довербата на кумановци.  Во овој краток период медиумот се етаблираше како непристрасна телевизија, која се грижи за проблемите на граѓаните. На 25-ти март минатата година за прв пат беше пуштен телевизискиот сигнал, за да веќе од први април, започне емитувањето на програмската шема.
ТВ Плус се наметна и како медиум кој продуцира своја програма. На кумановци…

Read More
1 885 886 887 888 889 927