Спасовски: Нема акција, непотребно се создава паника

При денешната посета на полициската станица во липковско Матејче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека нема никаква акција, ниту претреси или приведување, туку само зголемено присуство на полициски сили во кумановско-скопскиот регион.
-Имаме зголемено присуство на терен зашто во овој период ќе имаме предизвици и тука и во регионот поради бегалската криза. Затоа е зголемено присуството овде. Не би сакал да се создава фама и страв кај населениот зашто нема потреба за таква работа,…

Read More

Изложба „Фото салон Куманово 2015“

Во Уметничката галерија синоќа беше отворена традиционаланата изложба Фото салон Куманово 2015, која ја организира Фото кино клуб Козјак. Присутните имаа можност да видат 120 наградени фотографии, од автори од 60-ина држави, работени во четири теми,  слободна (црно-бела и колорит) природа и живот.
-Пристигнаа фотографии на околу 360 автори, тоа е околу 4700 фотографии. Изложбата помина во најдобар ред, беа поделеник околу 120 награди, една од наградите ми припадна мене односно ФИАП диплома. ФИАП е најголема…

Read More

Истекува рокот за набавка на огревно дрво

До четврток жителите на општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаат можност да потпишат договор со Шумско стопанство, за набавка на огревно дрво. Раководителот, Ваит Саити потенцираше дека интересот е навистина голем, и дека тие имаат капацитети да ги обезбедат потребните количини.
-Има заинтересирани многу граѓани доаѓаат редовно секој ден потпишуваме договори. Ветувам дека навреме ќе земат добри дрва, се што треба, ние со оваа цена што ја имаме пример буката чини 2371 денар, ја држиме цената…

Read More

Слупчане, Ваксинце и Лојане под полициска контрола

Како што неофицијално дознаваме липковските села Слупчане, Ваксинце и Лојане во моментов се под полициска контрола, бидејќи наводно се забележани вооружени лица.
Во близина на селото Ваксинце, односно непосредно до пругата е поставен пункт, на кој се наоѓаат полициски сили со целосна воена опрема.
Инаку во текот на денот во кругот на полициската станица во Куманово, можеше да се забележи зголемена раздвиженост на полицијата. Се уште нема никаква потврда од МВР.

Read More

20 годишен јубилеј на Телевизија Феста

2 децении  Телевизија Феста,  20 години градење доверба преку макотрпна работа, предизвици, проблеми од различен карактер. Од медуим со скромни почетоци , ТВ Феста прерасна во медиум  со завиден рејтинг според гледаноста.  На роденденот бројни пријатели, колеги, политичари, советници, министри, градоначалници со своето присуство ја потврдија  медиумската зрелост и професионалниот пристап во известувањата за сите случувања во градот, без разлика дали станува збор за политика, економија, култура , спорт.
– Со вистински професионализам, желба за работа…

Read More

ГРОМ: Се потврдија нашите сомнежи за општината

Општинската организација на ГРОМ денеска одржа пресконференција на која беше истакнато дека нивните сомнежи за недомаќинското и расипничко работење во општина Куманово во врска со организираниот превоз на учениците се потврдиле. До ваков заклучок ГРОМ дошол по добиениот писмен одговор од општината и врз основа на увидот на сајтот на Бирото за јавни набавки при министерството за финансии на РМ. ГРОМ пред два месеца објави дека иако бројот на учениците кои што користат организиран превоз…

Read More

Дупки и кал на улицата „Среќко Пужаљка“

Околу 3000 ученици од гимназијата „Гоце Делчев “ и основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“  секојдневно поминуваат по улицата„ Среќко Пужаљка “ која што е исполнета со дупки, а на некои места има и цели кратери. Како е можно локалната власт да не забележи во каква состојба се наоѓа улицата која поминува покрај три училишта и градинка во централното градско подрачје, праша денеска  советничката  Злата Божиновска од ВМРО -ДПМНЕ.
-Градоначалниче, дали сте свесен за реакциите…

Read More

Стартува проектот на СДСМ „Од врата до врата“

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на  пресконференција ги најави активностите кои што ќе следат во наредниот период. Како што соопшти претседателот Мартин Костовски во понеделник ќе стартува проектот  „ Од врата до врата“, а почетокот ќе го означи лидерот  на СДСМ , Зоран Заев. 

Read More

Одбележана годишнината од НАТО нападот врз СРЈ

Пред 17 години, на 24 март 1999 година, авионите на НАТО почнаа да ја бомбардираат тогашна Сојузна Република Југославија, а во воздушните  напади кои траеја 78 денови, животот го загубија 2.500 граѓани, а околу 5.000 беа повредени. Српската заедница во Македонија,  членови и симпатизери на Демократската партија на србите во Македонија и останати граѓани утрово симболично со палење на свеќи  и едноминутен молк  во црквата „Света Троица“ оддадоа почит на жртвите од воздушните напади. За…

Read More

„Купи куќа за млади“ промовиран во Куманово

Граѓаните на Куманово вчеравечер имаа можност да се запознаат со поволностите на проектите „Купи куќа за млади “  и „ Купи куќа,  купи стан“ во организација на министерството за финансии. Првиот проект се однесува на младите до или со наполнети 35 години кои можат да добијат до 33.000 евра субвенција од Владата за купување, изградба или надградба на куќа. Заинтересираните можат да изберат еден од двата модела  „Субвенција на рата„  или  „Субвенција на учество “…

Read More
1 888 889 890 891 892 927