Се намалува бројот на заболени од грип

187 граѓани заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје во Куманово последнава недела. Во однос на претходните седум дена кога биле  регистрирани 247 заболени од грип сега бројката е намалена. Според надлежните на Центарот за јавно здравје, се уште не може да се каже дека сезоната на грипот завршува, но веќе почнува да се чувствува благо намалување на заболените од грип. Најзастапената возрасна  група вообичаено  е од 15 до 64 години, а потоа следи…

Read More

„Даја“ со проект за интеграција на малцинствата на пазарот

„Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ е насловот на новиот проект кој започна да го реализира ромска невладина организација за жени „Даја“. Целта на проектот е да се подобри процесот на интеграција на младите лица и жени од етничките малцинства, преку зголемување на конкурентноста, зајакнување на капацитетите за вработување и самовработување, поттикнување и формирање на нови бизниси и еднаков пристап за искористување на можностите кои постојат….

Read More

Недостигаат дефектолози за лицата со посебни потреби

Иако постојано се зголемува бројот на деца со посебни образовни потреби, во градот од 22, само во четири училишта, има вработено дефектолози. Ова беше истакнато на денешната трибина на тема „Состојбата и предлог мерки за олеснување на инклузијата во образовниот процес на лица со посебни потреби во Куманово“, којашто ја организираше Секторот за образование при локалната самоуправа. Според податоците во основните и средни училишта во Куманово, дури 400 деца се со посебни потреби, а нема…

Read More

Стечајците започнуваат со протести

Со блокади на влезовите пред Куманово и Скопје, и протести на главните крстосници, стечајците од здружнието УНИТ, од наредната недела планираат да ги бараат своите права. Лицата кои останале без работа по основ на прогласување ликвидација, стечај или технолошки вишок во претпријатија во кои работеле, бараат да бидат обезбедени со само 100 евра месечно до пензија.
-Ако не вроди плод и тие блокади и протестите останува онаа опција што сме договорени координатори од сите градови да…

Read More

Лајонс клуб Куманово ќе организира „Чваркаријада “ во сабота

 „Чваркаријада“ со хуманитарен  карактер ќе биде организирана в сабота со почеток во 12 часот во ресторан Грација. Забавата ќе биде отворена за сите заинтересирани граѓани и љубители на чварките и другите кумановски традиционални специјалитети, вели организаторот Влајко Стојчевски.
-Оваа забава ја правиме на ниво на Македонија и вообичаено сите 20 лајонс клубови од Македонија доаѓаат на манифестацијата со која сакаме да ја одржиме нашата македонска традиција , тука во дворот ќе има казан во кој ќе…

Read More

Изработка на Регистар на потенцијали за рурален туризам

Во рамки на активностите за изработка на „ Регистар на потенцијали за рурален туризам во СИП Регион денеска се одржа  првата работилница  на која беа презентирани моделите на квантитативно истражување и методологија на спроведување на квалитативно истражување. На презентацијата која беше во организација на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, учествуваа преставници од општините од североисточниот регион,земјоделци,граѓански здруженија како и преставници на бизнис заедницата.
-Денес започнуваме со нов проект финансиран од Министерството за локална самоуправа и УНДП за квалитативно…

Read More

Демант на Вукашин Мандиќ

Кошаркарот на Куманово Вукашин Мандиќ кој по претходните превирања во клубот беше прозван во некои медиуми, одлучи да даде демант на обвинувањата упатени на негова адреса. Мандиќ  денеска одговори во однос на критиките сметајќи дека на тој начин ќе се смират страстите.

Read More

Дел од општинарите во нови простории

Се пресели дел од општинската администрација во поранешната зграда на „Козјак“  спроти Градскиот стадион. Новите простории кои што општината ги изнајми за своите потреби веќе ги користат Секторот за инспекциски надзор, Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој и Одделението за јавни набавки. Ова е привремено решение се додека не се изгради новата зграда во која што  ќе бидат сместени сите 10 сектори. Потребата за префрлување на дел од вработените во…

Read More

Очната и ушната амбуланта во нови простории

Започнаа со работа реконструираните амбуланти на Одделението за очни болести и Одделението за уво, грло и нос во општата болница. Тие се дислоцирани од поранешните простории и се наоѓаат во зградата на поранешниот центар за дијализа со цел да бидат поврзани со одделенијата кои се на катот  над нив.  Надлежните сметаат дека со оваа новина пациентите ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги и тоа на едно место.
–  Со дислоцирањето на овие амбуланти сега создадовме еден систем…

Read More

Дива депонија во центарот на градот

Дива депонија е создадена на преминот од улицата „Илинденска“ кон „Гоце Делчев“, поточно на местото кадешто некогаш се наоѓаше барака на „Житомел“. Несовесни граѓани и станарите од околните згради, фрлаат најразновиден отпад и градежен шут, иако на само неколку метри има поставен контејнер. На ова фрекветно место секојдневно поминуваат голем број кумановци, кои најчесто го користат преминот за да го посетат Градскиот пазар. Тие велат дека и покрај неколкуте акции за чистење, на оваа локација…

Read More
1 893 894 895 896 897 927