Новинарите не сакаат акредитации за Советот

Кумановските новинари не се согласуваат со одлуката за воведување на акредитации за следење на седниците на Советот на Општина Куманово. Тоа го потврдува фактот што во пресрет на утрешната седница, само тројца новинари поднеле барање за присуство. Тие сметаат дека на овој начин постои можност да им се ограничи слободата на изразување, затоа што може да се случи некој новинар од оправдани причини да не може навреме да аплицира, што значи дека нема да може…

Read More

Одбележан Денот без автомобили

Со ревијално возење велосипеди на булеварот Октомвриска револуција, триесетина ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ денеска го одбележаа Денот без автомобили и европската „Недела на мобилност“. Од Општина Куманово истакнаа дека преку манифестацијата сакаат да упатат апел до граѓаните за користење на алтернативни превозни средства, како што се велосипеди и градски превоз, со што ќе се допринесе за намалување на загадување на животната средина и бучавата, но и за заштита на буџетот.
-За…

Read More

Само осигураните посеви добиваат обештетување

Обилните врнежи кои го зафатија кумановски регион во неделата направија голема штета на земјоделските површини. Дождот и градот најмногу ги погоди општината Старо Нагоричане, селата Стрезовце, Клечовце и Младо Нагоричане. Голем број на земјоделци од овие места се пожалиле дека градинарски култури и лозјата им се целосно се уништени. Тие штетата ја пријавиле во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово но оттаму објаснуваат дека обештетување добиваат само оние кои ги осигурале  посевите.
-Ние…

Read More

Советниците утре ќе одлучуваат за 58 точки на дневниот ред

Советот на општина Куманово утре ќе ја одржи 41 –та седница на која ќе се расправа и треба да се донесат одлуки за вкупно 58 точки на дневниот ред. Информација за превземени мерки и активности од страна на полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2015 –та година, тримесечен извештај за финансиското работење на јавното претпријатие „Куманово-гас“, предлог-решение за давање согласност на Ценовникот за измена на Ценовникот за висина, условите…

Read More

Кампања за зголемување на згрижувачки семејства

Најблиска вонинституцинална форма до природното семејство е згрижувачко семејство.  51 годишната Сузана Величковска од населбата Карпош се грижи за 4 деца од 5 до 10 годишна возраст. Таа е само една од 7 –те семејства во градот кои решиле со државна парична помош  да им пружат семеен дом на децата кои не по нивна вина се оставени на милоста на државата. Кумановските згрижувачи најчесто се одлучуваат за деца без родители во добра здравствена состојба.
Најмногу пет…

Read More

Средношколци се тестираа за американска стипендија

Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ 134 ученици се тестираа  за добивање на средношколска американска стипендија од програмата „Јес“ администрирана од невладината организација „Американски совети“ во спонзорство на Владата на САД.  За стипендијата можат да аплицираат учениците од прва и втора година, а резултатите од тестирањето ќе бидат објавени во април. Околу 18 ученици од земјава ќе имаа можност  следната учебна година да ја поминат во Америка сместени во американско семејство.
-Семејствата не добиваат никаков надомест ги…

Read More

Волк удави овци во село Орашац

Дваесет удавени овци од волк утринава во својата штала затекнал 48-годишниот Горан Николовски од селото Орашац. Тој раскажува дека други десет овци избегале, а само седум се спасиле. Направената штета сопственикот ја проценува на повеќе од 3.000 евра.
-Утринава кога дојдовме околу 5 часот мајка ми ми се јави околу 4 ипол ми рече да дојдам волк влегнал во трло. Јас дојдов веднаш овците ги немаше. Тие што беа удавени, другите беа на 100 метра на…

Read More

Осветена црквата во село Умин Дол

Денеска беше осветена новата црква Свети Никола Летен во селото Умин Дол. На свеченоста присуствуваа над 200 верници, а чинот на осветувањето го изврши кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф. Тој истакна дека овој храм, ќе го врати духовниот живот во ова село, но и ќе остане сведоштво за едно време и народ, кој длабоко во себе ја носи верата за Господ.
-Денес ние завршивме едно убаво дело градено со љубов, за вечноста. Се собравме заедно и го осветивме…

Read More

Гром запали слама во Младо Нагоричане

Повеќе од 500 бали слама, сено и друга сточна храна изгореа вчера попладне во пожар предизвикан од удар на гром во кумановското село Младо Нагоричане. Ова се случило во семејниот двор на Драги Спасовски. Според него, среќа во несреќа е што во тој момент овците не биле во трлото бидејќи можел да остане и без нив.

-Одеднаш пламен, изгоре и слама и сено и се останато, 500 бали слама и шест приколки сено небалирано, тоа е…

Read More

Силно невреме во Куманово

Силно невреме го зафати вчера попладне Куманово , проследено со интензивни врнежи од дожд, град  и електрични празнења .  Силниот ветер однесе  лимен покрив  од зграда на улицата „Народна Револуција“  спроти основото училиште  „Браќа Миладиновци„ кој паднал  врз паркиран автомобил  „рено меган„ по што ја турнал  и заштитната ограда на училиштето. Освен предизвикана материјална штета, повредени нема. Улицата беше блокирана  за сообраќај додека траеше отстранувањето на лимот. Невремето во кумановско  траеше половина час. На неколку…

Read More
1 909 910 911 912 913 926