Ќе проработи Центар за ран детски развој

Првиот приватен Центар за ран детски развој во Куманово денеска го доби решението за отпочнување со работа. Од вкупно 15, ова е трет приватен центар во државава кој е наменет за децата од предучилишна возраст , а за дел од вработените ќе бидат искористени  поволностите на владините мерки за вработување, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
– Особено е битно да се спомене  дека многу голем број од овие приватни субјекти ги користат…

Read More

Во „Боро Менков“ одбележан Денот на АРМ

Во касарната „Боро Менков“ утринава со воена свеченост единиците од гарнизон Куманово го одбележаа 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија. Во чест на 23-годишнината од формирањето на АРМ присутните имаа можност да се запознаат со опремата со која што располагаат единиците, како и да го проследат предавањето на стројот на командантот на гарнизон, одавање на почит на загинатите борци за Македонија, и загинатите борци и припадници на АРМ. За формирањето на Армијата и досегашните…

Read More

Мигрантите прават штета во Табановце

На ваков однос утринава наиде екипата на Телевизија Плус, откако по реакција на мештаните на Табановце дека секојдневно имаат проблеми со агресивните беглаци, се обиде да поразговара со нив. Телевизија Плус беше сведок дека неколкумина мигранти, кои се наоѓаа во близина на железничката станица освен што се обидоа физички да се пресметаат со снимателот, дури и крадеа од овоштарниците кои што се наоѓаа во близина. Жителите на Табановце, а особено на маалите Чивлак и Сланиште,…

Read More

Јавен повик за проектот за енергетска ефикасност

Преку проектот за енергетска ефикасност, енергетски ќе бидат заштитени зградите во централното градско подрачје чии што станари 100 процентно се одлучиле да ги променат  прозорците и балконските врати за да дојде до израз фасадата и кровната конструкција. Исто така еден од условите е и регулирана сопственост на становите која заинтересираните во изминатиот период  можеа да ја завршат преку постапката за приватизација, вели Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции. Станарите кои сакаат да се вклучат во…

Read More

Завршуваат подготовките за ликовната колонија „Куманово“

Од 18-ти до 27 август ќе се одржи 41 –та по ред ликовна колонија „Куманово“ во спортско рекретивниот центар Пелинце.  Досега се пријавиле десетина ликовни уметници од  Македонија, Србија и Бугарија, а се чека на потврда за учеството и на ликовен уметник од Република Српска, вели Цоки Ристовски од Секторот за култура.
-Има некои уметници кои учествувале на оваа колонија пред околу десетина години, нема уметници од минатата година, ние сакаме да не ни се повторуваат…

Read More

На пеколни температури, кумановци без вода

Населбите во повисоките зони од Куманово на близу 40 степени целзиусови немаат вода и по неколку дена. Граѓаните мака мачат ноќе да ги наполнат  бурињата и пластичните шишиња за да можат колку толку да функционираат. Тие велат дека и кога водата ќе дојде, притисокот е многу слаб поради што машините за перење алишта и бојлерите не можат да ги користат.
-Месец дена нема редовно вода, ноќе дојде, дење ја нема, ако станеш ноѓе да наполниш шишиња…

Read More

Полицијата и граѓаните заедно на терен во „Тоде Мендол“

Граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ два пати неделно во просториите на месната заедница имаат прилика да се сретнат со полициските службеници и да разговараат за  проблеми со кои се соочуваат во нивното населено место. Среда од 10 до 13 часот и петок од 13 до 16 часот се термините резервирани за функционирање на т.н надворешна канцеларија на полицијата. Жителите од населбата се задоволни од полициската активност и велат, на ваков начин се чуствуваат побезбедно.
Освен функционирање…

Read More

Отворени денови и за кумановските земјоделци

Земјоделците во текот на отворените денови ќе имаат прилика да се информираат за сите актуелни земјоделски програми и начинот на нивно користење. Тие можат да добијат советодавните услуги во Центарот за рурален развој на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово. Оттаму објаснуваат дека земјоделците највеќе се интересираат за субвенции, а имаат проблеми со водоснабдувањето, струјата и патната инфраструктура. Тие посочуваат дека во моментот е актуелна програмата за рурален развој.
-За набавка на механизација…

Read More

Некогашниот ресторан парк, руина и јавен тоалет

 
Некогашниот ресторан „Парк“ во кој се одржуваа свадбени веселби и бројни манифестации веќе е минато. Тој е претворен во руина и јавен тоалет, а наместо угледни гости редовно го посетуваа бездомници и наркозависници. Станарите кои живеат над овој објект немаат мир од несовесните граѓани кои однеле се што можеле од поранешниот ресторан. Пензионерите пак кои секојдневно го посетуваат клубот минуваат од оваа место и се згрозуваат од глетката.

Read More

Младите масовно заминуваат од Куманово

Младите кадри масовно заминуваат во странство. Градот останува без активно население кои немајќи можност да се изразат на професионален план заминуваат во потрага по подобра иднина надвор од земјава. Вадење на бугарски пасоши и склучување на бракови со државјани од други држави се најчестите начини да се побегне од родното место за подобра иднина.

Read More
1 918 919 920 921 922 926