Вонредна седница на Советот во 14 часот, во живо на ТВ ПЛУС

Вонредна седница на Советот во 14 часот, во живо на ТВ ПЛУС

 Денеска со почеток во 14:00 во големата сала на зградата на поранешните
општествено – политички организации Комитет, ќе се одржи вонредна седница на Советот на Општина
Куманово.

На дневен ред е точката, предлог одлука за исплата на парични
средства од буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема и средства за
дезинфекција за потребите на општината.

Седницата ќе можете да ја следите во живо на телевизија
Плус.

Read More

„Еуро Колеџ“ – пионер во онлајн предавањата во државата

„Еуро Колеџ“ – пионер во онлајн предавањата во државата

Во рамките на мерките преземени од Владата за прекинување на класичното предавање на универзитетите “Еуро Колеџ” од 16ти Март започна со онлајн настава. Наставниците ја изведуваат наставата преку  Google meet платформата, ја следат активноста на студентите притоа користејќи ги сите технички можности за да ја задржат интерактивноста во наставата. Овој начин на настава веќе се применува во многу европски држави и реномирани факултети како La Sapienza од Рим кој инаку е најголем Универзитет во Италија….

Read More

Општинскиот штаб за заштита и спасување со нови мерки по петтиот состанок

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во потесен состав, во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Во согласност на препораките од Влада на Република Северна Македонија и Министерство за здравство, на состанокот беа донесени следните препораки и заклучоци:

Се порепорачува на вршителите на јавен градски превоз да ги редуцираат
своите возни линии, на начин на кој ќе може непречено да функционираат и да ги
извршуваат…

Read More

Нови мерки на општинскиот кризен штаб

Нови мерки на општинскиот кризен штаб

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа
состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве
препораки, заклучоци и мерки:

– Во насока на превземање на
активности за превенција  и спречување од
ширење на корона вирус, Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе побара од
Ј.П”Пазаришта”
да се скрати работното време за 2 часа.

– Во насока на превземање на
активности за превенција  и…

Read More

Нови мерки на Општинскиот кризен штаб

Општинскиот
штаб за заштита и спасување на денешиот состанок во врска со превземање на
активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 ги
донесе следниве препораки, заклучоци и мерки:


Општина Куманово преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита
на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени
семејства на територија на Општина Куманово, (пакети со прехранбени производи,
основни средства за лична хигиена…)


Општина Куманово ќе побара од Владата на Република Северна Македонија две
возила, кои ќе се користат за дезинфекција и…

Read More

Бесплатна телефонска линија за информации за услугите и функционирањето на МВР

Бесплатна телефонска линија за информации за услугите и функционирањето на МВР

Министерството за внатрешни работи од
утре во функција ќе ги стави бесплатната телефонската линија 080000201 и
мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk 
на кои граѓаните ќе можат да добијат соодветна информација за функционирањето
на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со
коронавирус и препораките на Владата. Услугите се достапни на македонски и
албански јазик.

-Вработените во МВР, каде што тоа е возможно,
ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се
итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш…

Read More

Театар Куманово со онлајн претстави за деца

Театар Куманово со онлајн претстави за деца

Кумановскиот театар од денеска почна со прикажување онлајн претстави на
facebook профилите на Театар Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“, информираа
денеска надлежните од оваа  установа. Прва е прикачена детската претстава
„Волебникот од Оз“, а во следните денови, најави директорот на установата, Сашо
Тодоровски, онлајн ќе можат да се гледаат претставите „Ревизор“, „Јованче и
Марика“, „Бегај, еве ја жена ти“, „Околиска болница“.

Надлежните ги покануваат децата и родителите да ја проследат претставата, да
коментираат и да предложат нова претстава која ќе ја реализираме…

Read More

МВР: Угостителите ги почитуваат мерките на Владата

МВР: Угостителите ги почитуваат мерките на Владата

Полициски службеници на Секторите за внатрешни работи
во Куманово Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат  вчера попладне спроведоа
акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на
работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.

Кумановските полициски службеници на територијата на Општина Куманово
спроведоа контроли во 40 угостителски објекти, а полицајци од СВР Охрид на
територијата на Општина Струга контролирале вкупно 23
угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територијата на Општина Кичево
спроведоа контроли на 60…

Read More

„Медиум објектив“ бара субвенционирање на локални и регионални медиуми

„Медиум објектив“  бара субвенционирање на локални и регионални медиуми

Здружението на регионални и локални телевизии, Медиум Објектив
бара помош и поддршка од државните институции, заради актуелната состојба во
која се наоѓа државата и потребата од редовна информираност на јавноста за
актуелниот корона вирус COVID-19, како и за превенција, во обид како традиционални медиуми да ги
заштитиме граѓаните од секојдневниот прилив на лажни вести.

Во дописот испратен до Владата и неколку надлежни министерства се
истакнува моменталната состојба за донесување посебни одредби
за субвенционирање на регионалните и локални медиуми за да можат да
продолжат со континуирана работа новинарите…

Read More

Болни и немоќни кумановци користат општинска асистенција

Болни и немоќни кумановци користат општинска асистенција

До сега во
Куманово нема заразени и инфицирани од коронавирусот покажаа испитаните случаи
и сомненија, информираше градоначалникот Максим Димитриевски на денешната
прес-конференција одржана по состанокот 
на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности за превенција од ширење на болеста COVID-19. Вкупно десет болни и изнемоштени лица во
текот на вчерашниот и денешниот ден побарале општинска асистенција во однос на
набавка и доставување на потребните лекарства и производи. Освен за потребните
производи, граѓаните не ја плаќаат услугата од општината….

Read More
1 657 658 659 660 661 919