МОН работи на отворање ново училиште

МОН работи на отворање ново училиште

Министерството за образование и наука ги
презеде сите активности и се координира со останатите институции за да им
се овозможи на средношколците од кумановската гимназија „Сами Фрашери“ да се
префрлат од објектот на поранешниот ЗИК, каде што сега
се изведува наставата, во поранешната касарна „Христијан Тодоровски-Карпош“, рече министерот Арбр Адеми, одговарајќи на новинарско
прашање, вчера пред почетокот на јавната дебата за нацрт законите за основното образование
и за наставници и стручни соработници.

-Tри објекти од поранешната касарна се во сопственост на МОН, како
институција сме…

Read More

Јавна дебата за нацрт законите во образованието

Јавна дебата за нацрт законите во образованието

Со нацрт законите за основно образование и за наставници и стручни соработници во основното
и средното образование се предвидува воспоставување на национални стандарди кои ќе го подобрат
квалитетот на основното образование и кои ќе им помогнат на наставниците да се
усовршат и да напредуваат, изјави министерот за образование и наука, Арбр Адеми
кој што денеска присуствуваше на јавна дискусија за двата нацрт закона во
Куманово. Наставниците и стручните соработници од Куманово и соседните општини имаа
можност да се информираат и да…

Read More

Обуки преку центарот за вработување

-Во тек е и реализација на Програмата 3- Обуки. Станува збор за обуки на
работно место за познат работодавач. Во моментов тече обука на три лица, значи
во конкретни услови кај конкретен работодавач, од кои две лица се млади до 29
години.

Мерка за која што во моментов исто трае огласот, јавниот повик  за учество е обука за стручни квалификации
според барања за работодавачите. Преку оваа мерка им се овозможува на
работодавачите да можат да си креираат сопствен кадар според…

Read More

Автомобил од лозот „Биди ВИП вози ЏИП“ заврши во Лисиче

Автомобил од лозот „Биди ВИП вози ЏИП“ заврши во Лисиче

Инстант лозот Биди ВИП  вози ЏИП на Државна лотарија на Македонија донесе уште еден автомобил и усреќи уште еден играч. Ивона Јовановска од Долно Лисиче, скопско, по една прошетка во Капитол Мол го посетила и среќното место на Државна лотарија лоцирано во Молот.

Купила три инстант лозови БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП и се упатила во кафулето каде ги изгребала и лозовите. Во моментот кога келнерот ги послужувал таа на сиот глас извикала „ЏИИИП“. И околните…

Read More

100 години од творештвото на Муфтински

100 години од творештвото на Муфтински

Во уметничката галерија при националната установа Музеј вчеравечер
беше отворена изложбата „100 години од творештвото на Трајко Муфтински (1919 -2019)“.
Изложбата е авторски проект на Славица Крстиќ, советник, историчар
на уметност во музејот. На изложбата беа претставени  70 –тина дела
со профана и световна содржина, како и десет колор фото –постери со
иконографското творештво на Муфтински, главно од кумановските цркви.

Муфтински заедно со Кирил Караџа е еден
од  основоположниците на македонската современа уметност , кој создал
над 200 ликовни дела.

-Трајко Муфтински (1895 – 1963)…

Read More

„Перо Наков“ со Еразмус проект

„Перо Наков“  со Еразмус проект

„Интегрирање на деца со посебни потреби во образовниот
процес“ е насловен проектот што го реализираат професори од средното општинско
училиште Перо Наков во партнерство со невладина организација од Италија,  поддржан од Националната агенција за европски образовни
програми. Според координаторот на проектот, Фросина Николовска, во нашата
држава постои законска рамка со која што се врши интегрирање на децата со
посебни потреби во образовниот процес, меѓутоа недостасуваат одредени системски
решенија за успешно имплементирање на законските прописи.

-Она што го дознавме во Италија а…

Read More

Заврши ликовниот камп АСНОМ 2019

Заврши ликовниот камп АСНОМ 2019

Стотина уметнички творби, слики и
графики изработија учесниците на детскиот ликовен камп АСНОМ 2019 што се одржа
во Меморијалниот центар во Пелинце. Основците од шесто до деветто одделение од
сите училишта и дел од корисниците на услугите на дневните центри за лица со
интелектуална попреченост четири дена твореа, ја искажуваа својата креативност, желба и фантазија на платно, а денеска на свеченото затворање на ликовниот
камп беа наградени со благодарници за нивното учество. Детскиот камп АСНОМ веќе
деветта година по ред е…

Read More

Во тек е повикот за Практиканство

Во тек е повикот за Практиканство

Агенцијата за вработување на Македонија вчера објави
јавен повик за активна мерка Практиканство. Според огласот, невработените лица до 34 години евидентирани во агенцијата со
минимум завршено основно образование кои немаат работно искуство согласно образованието и
се заинтересирани да се вклучат во мерката Практикантство за
период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени
практични знаења и вештини, треба
да се пријават во работните клубови на центрите за
вработување, секој
работен ден од 09, 00 до 14,00 часот.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен…

Read More

Од 127 барања за азил, ниту едно не е позитивно

Од 127 барања за азил, ниту едно не е позитивно

Претставници на УНХЦР, заедно со Министерството за надворешни работи, денеска во Куманово, по повод 20-ти јуни Светскиот ден на бегалците, делеа промотивен материјал со кој на граѓаините им порачаа дека бегалците како и сите жители на светот ги имаат истите права.  

Под мотото „Направи чекор со бегалците“, претставниците од УНХЦР споделија податоци на светско ниво за бегалците, укажувајќи дека минатата година бројот на раселени лица во светот достигнал 70 милиони, што е највисоко регистрирано ниво. 

-Денеска…

Read More

Се намалува бројот на првоодделенците

Се намалува бројот на првоодделенците

Намален е бројот на запишани првоодделенчиња во основните училишта во однос на минатата година, за
184 деца, информираат надлежните од општина Куманово.
Според првичните податоци, од први мај досега запишани се 1.020 ученици, иако на списокот на новороденчиња од
2013 и јануари 2014 има 1.506 деца, посочуваат од секторот за образование
потенцирајќи дека недостасуваат 497 деца.

-Постојано го констатираме тоа дека не се ажурираат
податоците од годината на раѓањето до уписот во прво
одделение. Ова е веќе индикативно, околу 500 деца
недостасуваат ,…

Read More
1 655 656 657 658 659 878