Музичката ѕвездичка Мартија Станојковиќ денеска ги израдува и изненади најмалите во градинката Буба Мара со слатки податоци. Мартија со оваа посета се потсети на деновите кои што и таа лично ги поминала токму во овој објект. Со себе носи само прекрасни и незаборавни сеќавања поминати во Буба Мара.
Посетата на Мартија на Буба Мара беше само една од активностите кои што се реализираат во сите шест објекти на градинката„ Ангел Шајче“ во рамките на одбележувањето на…
Вести
Се одбележува Светскиот ден на учителот
Претседателство на Здружение на просветни работници Куманово, на своите колеги им го честита Светскиот ден на учителот. Мисијата на просветните работници е одговорна работа која бара континуирана надградба на знаења и вештини за излегување во пресрет на различните потреби на младите генерации кои успешно ќе се носат со животот.
Ги потсетуваме, надлежните во заедницата, дека тие ја имаат постојаната обврска во обезбедување на адекватни услови за професионално обучени, мотивирани и добро подржани просветни работници од учениците, како…
Амбасадорот на ЕУ ја посети општината
Новиот амбасадор на Европска унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска ја посети Општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски. Се работи за протоколарна посета на градот, како најголема локална заедница. Амбасадорот се информираше за комуналните проблеми и начинот на менаџирање.
-Во име на граѓаните на Куманово и во мое лично име се заблагодарив на Европската канцеларија за поддршката на Куманово и се она што го прават за да ги детектираат локалните проблеми. Разговаравме…
26 килограми марихуана запленети на Табановце
Марихуана со вкупна тежина од 26 килограми скапувани во 17 пакетчиња викендов беше запленета на граничниот премин Табановце од страна на царинските службеници.
Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија на 1 октомври околу 10:30 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавил Џ.А.(59) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Volkswagen “ со албански регистарски ознаки. Заради сомневање во неговиот одговор дека нема ништо за пријавување, царинскиот…
Нови медали за кумановските атлетичари
Атлетскиот клуб Куманово викендов во Скопје беше дел од две паралалени државни превенста во атлетика, едното за атлетичари до 13 години, а другото за млади до 17 години.
Кумановските атлетичари се вратија со освени неколку први места, медали и награди со што уште еднаш потврдија дека се најдобри во државата.
Јас настапив на тој за атлетичари до 17 години, настапив во вкуно 3 дисциплини, на 100 метри, 300 метри и 4 пати по 100 метри штафета. На…
Read MoreГрадежен работник се бори за живот
45 градежен работник од Куманово тешко бил повреден вчера паѓајќи од скеле на земја. Вработен во скопскиот Ургентен центар вчера околу 10 часот и 30 минути пријавил во полициската станица Гази Баба дека пред десетина минути било повредено лицето со иницијали З.Т. роден 1971 година од Куманово, вработен во фирмата „Профи Инжинеринг“ ДООЕЛ Куманово кои изведувале градежни работи на ул.„Ташко Караџа“. Истиот паднал од скеле од 4-ти кат на земја. По укажаната лекарска помош во…
Read MoreЗлатен медал за „Етно село Тимчевски “
Комплексот “Етно село Тимчевски” доби златен медал за квалитет на услугата, во категоријата за етнотуризам, на 49. Меѓународен саем за туризам, одржан во Нови Сад. Иако првпат учествува на саемот за угостителски и туристички понуди , Етно село успеа како резултат на најквалитетната туристичко- гастрономска етно понуда во конкуренција на 200 туристички комплекси на хотели и угостителски објекти од десетина земји од балканот да се закити со ова признание. Како што велат од комплексот, за…
Read MoreКумановци ги интересира археологијата
Кумановци синоќа имаа можност во зградата на поранешен Комитет, да го следат предавањето на познатиот археолог од Хрватска, Драго Обрадовиќ на тема Сензационални откритија кои го возбудија светот.
Истражувачот на археолошки локалитети на првата вечер, го сподели своето искуство од патувањата во Египет, додека вечерва и утре ќе зборува за Израел, Кумран и многу други места од Блискиот исток.
Присутените се запознаа и со сликите и сознанијата на Обрадовиќ, кој се смета за меѓународен патник и истражувач…
„Име“ го отвори фестивалот „Денови на комедија“
Со изведба на претставата „Име“ од Театар Комедија Скопје започна 19-тиот Меѓународен фестивал „Денови на комедија 2016“. На годинешново издание, љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 13 претстави од кои девет од Македонија, а останатите од театрите во Србија, Бугарија и Косово. Фестивалот кој е во организација на центарот за култура, а поддржана од надлежното министерство има ревијален карактер. Речиси за сите претстави билетите однапред се распродадени.
– Како и секогаш и оваа година…
Девојче падна од трети кат од зграда
Со тешки телесни повреди се здоби дванаесетгодишно девојче од Куманово кое што паднало од прозорец од третиот кат во зградата во која што живее. Ова се случило изминатата сабота околу 18 часот на улицата „4 јули“ , на излезот од Куманово. Со набиен граден кош и скршеница на десната нога, несреќното девојче , по укажаната прва помош било префрлено на Детска хирургија во скопскиот Ургентен центар, информира МВР.
Според соседите кои што не сакаат јавно да…