Одличен интерес за саемот на книга

Одличен интерес за саемот на книга

До сабота , ќе трае саемот на книга од издавачката куќа
Полица на кој што читателите можат да купат книги со саемски попуст. На штандот
пред градската библиотека „Тане Георгиевски“ изложени се седумдесетина наслови
кои што воедно се и најпопуларните книги на издавачката куќа. На саемот е
застапена и детската литература.

– Првпат сме во Куманово и сме изненадени од убавиот интерес така што се надевам дека ќе продолжиме со соработката со библиотекава и дека ова е само почеток….

Read More

(ФОТО) Маргица Антевска е гордост на Куманово, одбележан 50-годишен јубилеј

(ФОТО) Маргица Антевска е гордост на Куманово, одбележан 50-годишен јубилеј

Со изведба на најголемите хитови, во преполната сала на Центарот за култура, Маргица Антевска одбележа 50 години успешна музичка кариера. Освен неа пред кумановци, настапија и Ефто Пупиновски, Ристо Краповски со кого Антевска има дует, како и со Сефедин Бајрамов од Битола , потоа Нино Величковски,  Никола Давидовски,  Перо Христов и естрадниот уметник Дона од Москва.

 Пред присутните во Центарот за култура, се обрати секретарот при Општина Куманово, Десанка Стошевска, која истакна дека Антевска е…

Read More

„Куманово џез-фестивал“ во Центарот за култура

„Куманово џез-фестивал“ во Центарот за култура

Кумановци, трета
година по ред, ќе имаат можност да уживаат во звуците на џез-музиката. Во
центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во петок и сабота, во 20 часот, ќе се
одржи џез-фестивал во организација на Институтот за наука, уметност, култура и
спорт, со поддршка на Министерството за култура. Пред кумановската публика ќе
настапат музичари од Македонија, Грција, Словенија и Босна и Херцеговина.

–Од нашата
држава е бендот „Macedonian Dixieland“, кој ќе настапи на 20-ти како и „Thanos
Stavridis trio“ од Грција, кое веќе многу…

Read More

Форумска сесија од проектен форум

Форумска сесија од проектен форум

Третата форумска сесија од Проектниот форум во организација
на Општина Куманово и УНДП се одржа денеска во центарот за култура. Пред
присутните беа презентирани девет предлог проекти на работните групи кои што
учествуваат на форумот. Фокусот на проектите е образованието, велат надлежните,
но со акцент на социјална инклузија. Предложените проекти се однесуваат на повеќе
потреби, детектирани од граѓаните : Опремување и
адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица и лица
со посебни потреби, Отворање на Центар за помош…

Read More

(ФОТО) Започна првиот тениски турнир на ветерани

(ФОТО) Започна првиот  тениски турнир на ветерани

На тениските терени кои се наоѓаат во близина на Спортската сала започна првиот тениски турнир на ветерани во Куманово. На турнирот кој го организираат рекреативци, љубители на тенисот, учествуваат 27 натпреварувачи од градот.

-Не сме членови на некој тениски клуб, туку рекреативци, ветерани што го сакаме и поддржуваме овој спорт, направивме мала иницијатива за да организираме вакво нешто.  Досега има пријавено 27 учесници, турнирот започна, ќе трае до недела, ќе се игра секој ден…

Read More

Солистички концерт на Маргица Антевска

Солистички концерт на Маргица Антевска

Со солистички концерт и изведба на
најголемите хитови, Маргица Антевска утревечер ќе одбележи 50 години успешна
музичка кариера, во големата сала на центарот за култура. Концертот кој се
вклопува во програмата за одбележување 500 години постоење на градот Куманово е
поддржан од министерството за култура. На концертот ќе бидат испеани претежно
песните напишани лично за Антевска.

-Повеќе посветив внимание на моите композиции,
лично мои напишани за мене. Јас имам обработено многу народни песни што се препеани,
ќе видиме допрва дали ќе ги…

Read More

Дива свиња се „прошета “ во градот

Дива свиња се „прошета “ во градот

Дива свиња движејќи се низ кумановските улици и градскиот
плоштад утрово ги преплаши граѓаните. Очевидци кои што сакаат да останат
анонимни велат дека дивото животно првпат било забележано на улицата „Никола
Тесла“, а потоа во близина на Градскиот стадион каде што дивата свиња туркајќи
ја оградата, се обидела да влезе во дворот на градинката Синоличка. Следната
локација каде што била забележана свињата е покрај училиштето „11 Октомври“ ,
Младинскиот културен центар„ Козјак“ , градскиот плоштад и на крајот во
локалитет Серава каде…

Read More

Александра Михајловска најдобра млада актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

Александра Михајловска најдобра млада актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

Актерката од кумановскиот театар, Александра Михајловска, ја доби наградата НЕТА, најдобра млада актерка на македонскиот театарски фестивал „Ристо Шишков“ кој се одржа во Струмица.

 Михајловска ја толкуваше улогата на Марта од претставата „Недоразбирање“, во режија на Драгана Таневска, а по текст на Алберт Ками. За актерката оваа награда има исклучително значење.

-Значајно ми е затоа што пред се чувствував голема
одговорност, бидејќи кумановскиот театар со години нема настапувано на овој толку
значаен фестивал во нашата држава. По…

Read More

Црвен крст со ревијална трка

Црвен крст со ревијална трка

Стотина основци и
средношколци, волонтери во општинската организација на Црвениот крст и лица со
посебни потреби , организирани во три возрасни групи денеска беа дел ревијална
трка на атлетската патека во рамките на средното техничко училиште „Наце
Буѓони“. Организатор на забавно-хуманитарната активност  насловена „ Run for
fun“  е Црвениот крст од Куманово
поддржан од  основните и средните
училишта во градот и од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака
наша“ .

-Денеска се
организира настан под името „Ran for fun “ каде што…

Read More

Успешно заврши проектот „Волонтирај-Резултирај“

Успешно заврши проектот „Волонтирај-Резултирај“

„Да бидеш волонтер значи да бидеш хуман, активен младинец кој сака да се вклучи во активности кои придонесуваат за развој на својата локална средина, заедница. Преку волонтерството градиш мрежа на пријатели, се запознаваш со нови лица и работиш на разни теми кои ве обединуваат. Обезбедуваш активно младинско учество“, беше речено на денешната завршна активност од реализацијата на проектот „Волонтирај-Резултирај“. Апликант и координатор на проектот е младинската организација Креатор од Куманово која што денеска во центарот…

Read More
1 650 651 652 653 654 878