Одбележана Меѓународна недела на италијанскиот јазик

Одбележана Меѓународна недела на италијанскиот јазик

Основното училиште „11 Октомври“  со повеќе активности ја одбележа Mеѓународната недела на италијанскиот јазик. Учениците имаа можност да бидат дел од работилница, сценски настапи и италијанска кујна на 18-та манифестација во чест на изучувањето на италијанскиот јазик во светот. Неделата на италијански јазик во светот се одржува на предлог на министерствотото за надворешни работи на Р.Италија и меѓународните соработници за промоција на италијанскиот јазик , култура и традиција. Пригодна манифестација со бројни активности по повод…

Read More

Продолжуваат активностите за „Месецот на книгата“

Продолжуваат активностите за „Месецот на книгата“

Во градската библиотека Тане Георгиевски деновиве се одржува мини саем на книгата од издавачката куќа Просветно дело. Саемот е во рамки на активностите кои што се организираат по повод Месецот на книгата, односно популаризација на книгата и читањето.  Кумановци по промотивни цени до сабота можат да ги набават делата од Мирјам, Џон Гришам, Исидора Бјелица и други познати автори. На штандот се и детски енциклопедии и литература.
-Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да си…

Read More

Јустиција организира Поткозјачки литературни средби

Јустиција организира Поткозјачки литературни средби

Се возобновуваат Поткозјачките литературни средби. После две децении во организација на Јустиција, центарот за културолошки студии , а под  покровителство на општина Куманово и поддршка на центарот за култура се обновува манифестацијата на која што во минатото се собирал целиот литературен врв на балканската , но и европска книжевност, информира организаторот  од Јустиција , Оливера Доцевска.
-Она што е многу важно е да додадеме дека ова се случува во предвечерието на пет века од постоење на…

Read More

Нови 1.600 стечајци ќе бидат обештетени

Нови 1.600 стечајци ќе бидат обештетени

Повеќе од 1.600 стечајни работници на ниво на државата ќе бидат опфатени со дополната на Законот за стечајци, информираат надлежните од здружението УНИТ . Пратениците вчера го усвоија Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминатна сопственост на државата, во скратена постапка, предложен од група пратеници. Со ова дополнување над 8.000 стечајни работници ќе бидат материјално обезбедени од државата до нивното пензионирање, вели Лилјана Георгиевска од УНИТ.
-Ова многу ќе значи…

Read More

Санирани дефекти на цевководот

Санирани дефекти на цевководот

Екипи на Водостопанство Кумановско- липковско поле заедно со ЈП Водовод ќе проверуваат дали постојат диви приклучоци на цевководот од Липково до филтер станицата. Нелегални приклучоци веќе се евидентирани на цевководот за системот за наводнување, информираат надлежните.
-Ние имавме информации дека дел од граѓаните на Општина Липково и Куманово имаат  диви приклучоци на цевководот за системот за наводнување. Немаме информации дали има диви приклучоци на водот кој води од Липково до филтер станицата односно директниот вод затоа…

Read More

Кумановци имаат идеи, но не се вклучуваат во акциите за чистење

Кумановци имаат идеи, но не се вклучуваат во акциите за чистење

Кумановци имаат идеи за чистење и уредување на зелените површини, но не се вклучуваат во акциите, иако постојатно ги повикуваме, истакна при гостувањето во емисијата Став, претседателот на еколошкото здружение Кумановски акцијаши, Јусуф Љатифи.  Тој потенцираше дека при акциите кои што ги реализираат во централното градско подрачје и приградските населби се вклучуваат само неколку граѓани.
-На нашиот профил на Фејсбук и меил адреса пристигнуваат голем број предлози на граѓани укажуваат на аномалии, еколошки загадувања и сега…

Read More

„Бреинобреин“ со бројни награди на републички фестивал

„Бреинобреин“ со бројни награди на републички фестивал

Во недела во арената Борис Трајковски во Скопје се одржа 6-тиот Национален Фестивал Бреинобреин Фест 2018, каде што учествуваа над 300 деца од цела Македонија. Како и секоја година центарот од Куманово продолжи со традицијата за освоени награди – 11 трофеи, 6 златни и 6 сребрени медали. Покрај три минутниот натпревар во решавање на задачи, нашиот центар се претстави и со мултитаскинг презентација ( децата читаа цитати на англиски јазик од Малиот Принц и во…

Read More

КК Куманово убедливо против АВ Охрид

КК Куманово убедливо против АВ Охрид

Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен го совладаа составот на АВ Охрид во рамките на 3. коло од домашниот шампионат со резултат 67:94.
Извонредната прва четвртина на Куманово му донесе огромна предност пред домаќинот кој имаше мака да направи пресврт во резултатот. Со 32:8 завршија првите десет минути од средбата во „Билјанини извори“.
Во втората четвртина избраниците на тренерот Александар Петровиќ се опуштија и дозволија Охрид да уфрли повеќе кошеви, но сепак не доволно да излезат…

Read More

Ракометарките на Куманово со победа над Металург

Ракометарките на Куманово со победа над Металург

Дека дерби натпреварите им одат од рака на ракометарките на Куманово сезонава, доказ е и мечот од вчера, кога го совладаа и составот на Металург со резултат 18:30.
Иако Металург влезе како фаворит во средбата која се одигра во Автокоманда, избраничките на тренерот Зоран Јосимовски им го зададоа првиот пораз сезонава, по .. одиграни кола.
Кумановки и во првото полувреме прикажаа желба за победа во овој натпревар, и имаа водство пред најголемиот ривал за титулата во оваа…

Read More

Петрушевски: Ветените проекти на Димитриевски се само на хартија

Петрушевски: Ветените проекти на Димитриевски се само на хартија

Јалови се обидите на градоначалникот да се оправда преку задолженоста, но без притоа да посочи чии кадри се одговорни за ваквата состојба  и кој ја управува Општина Куманово веќе 28 години, рече денеска на прес конференција Бране Петрушевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, по отчетот кој во петок го даде градоначалникот Максим Димитриевски. Како што додаде Петрушевски, по само една година кумановци се изневерени, излажани и разочарани од работата на градоначалникот. Ветените проекти,…

Read More
1 651 652 653 654 655 828