Се одбележува празникот Свети Никола

Се одбележува празникот Свети Никола

Православните верници денеска го одбележуваат Свети Никола, слава која ја празнуваат најмногу семејства во кумановскиот регион. Токму поради тоа утринава голем број верници ги посетија црквите во градот, сечеа славски колачи, запалија свеќи за здравје и се помолија за најблиските. Во соборниот храм кој го носи името на светецот, митрополитот кумановско-осоговски Јосиф служеше литургија.
Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најмногу е…

Read More

„Вук Караџиќ“за Интегрирано мултиетничко образование

„Вук Караџиќ“за Интегрирано мултиетничко образование

Основното училиште Вук Караџиќ работи на проект кој е поддршка за интегрирано мултиетничко образование, кој се спроведува веќе подолг период. За разлика од првиот кој беше подржан преку Министерството за образование и наука, вториот дел се спроведува благодарение на невладината организација Здружение мировна акција и мировни студии од Загреб, со финансиска поддршка на  Европската унија.
-Се работи за проект кој ние треба да го реализираме некаде од февруари до април наредната година и веќе сме вклучени…

Read More

Ракометарите славеа против Преспа

Ракометарите на Куманово остварија нова победа откако викендов на гостински терен во рамките на првата машка ракометна лига го совладаа составот на Преспа од Ресен со резултат 36:30.
Доминација во играта кумановци покажаа уште од самиот почеток на средбата па го полнеа голот на домаќините. И покрај големата желба од страна на ракометарите на Преспа да го намалат водството на избарниците на Димковски, сепак на полувреме се замина со резултат 18:15 во корист на екипата на…

Read More

КК Куманово убедливо против Вардар

Кошаркарите на Куманово ја забележаа четвртата по ред победа во домашното кошаркарско првенство, откако викендов на гостински терен убедливо го совладаа составот на Вардар со резултат 92:67.
Победата на Куманово беше решена уште во првата четвртина од средбата кога со убедливо водство од 16 поени избраниците на Србиновски направија резултат 24:8. Добрата игра продолжи и во вторите десет минути од првото полувреме, кога сино-белите направија водство од 29 поени разлика, односно резултат 44:15. Кошаркарите на Вардар…

Read More

Ски -центрите најбарани за новогодишните празници

Ски -центрите најбарани за новогодишните празници

Банско, Боровец, Јане Сандански засега се најпосакуваните  дестинации за  дочек на Новата година  од граѓаните на Куманово.  И покрај актуелната состојба во државава, солиден е интересот за новогодишните пакети кои што ги нуди туристичката агенција Игуана . Интерес има и за посета на европските метрополи, Будимпешта, Прага, Виена, Венеција, Истанбул, но сепак, како што велат од агенцијата,  граѓаните најчесто новогодишните празници ги поврзуваат со зимскиот одмор  поради што интересот за ски- центрите е за нијанса…

Read More

Отворен пливачкиот клуб „Делфин “

Отворен пливачкиот  клуб „Делфин “

Со отворањето на затворениот базен и со формирањето  на пливачкиот клуб Делфин од Куманово децата и младите имаат можност правилно да го искористат своето слободно време и да се вклучат во спортот, во овој случај пливањето. Околу триесетина  пливачи и непливачи се зачлениле во клубот за само еден месец од неговото функционирање.
-Располагаме со четворица инструктори дипломирани на факултетот за физичка култура во Скопје. Работиме според програма за пливање која костурно е поткрепена со методската програма…

Read More

Планинарското друштво Куманово врши упис на нови членови

Планинарското друштво Куманово врши упис на нови членови

Со цел афирмација на планинарските спортови и зголемување на своето членство Палнинарското друштво Куманово врши упис на нови членови.

Чланарината изнесува 350 денари, од кои 100 денари одат за планинарската книшка на ФПСМ, односно Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а останатите 250 денари одат на контото на клубот. За 2017 година, ПД Куманово планира организирање на многу акции, дел од нив ќе бидат во нашата држава, а дел во странство. Како побитни можам да ги…

Read More

Учениците од „Перо Наков“ најдобри во „Лидер во струка“

Учениците од „Перо Наков“ најдобри во „Лидер во струка“

Учениците од Средното општинско училиште „Перо Наков“ ги освоија првите места на државноиот натпревар „Лидер во струка“ кој се одржа во организација на Министерството за образование и Секторот за стручно образование.
Натрепварот се одржува по трет пат, а како и минатата година, така и оваа учениците од  „Перо Наков“ се покажаа како најдобри во три од осумте образовни профили.

Ние нашето училиште СОУ „Перо Наков“ учествуваше во економско-правно и трговска струка. Овој натрепвар во рамките на нашата…

Read More

„Крепост“ собира донации за семејство од Враготурце

„Крепост“ собира донации за семејство од Враготурце

Хуманитарната организација Крепост во пресред на новогодишните празници ќе подели помош на неколку семејства кои живеат во руралните средини околу Куманово. Тие ќе донираат и на осумчленото семејство Младеновски од село Враготурце кое покрај здравствени, има и вистински егзистенцијални проблеми.
-Се работи за осумчлено семејство со проблеми со видот, дел од членовите се слепи, на работ на егзистенцијата се со многу слаба финансиска ситуација живеат во трошна куќа од кои што имаат едно девојче Еленора кое…

Read More

Пешачките премини повторно ќе се обележуваат

Пешачките премини повторно ќе се обележуваат

Пешачките премини во централното градско подрачје каде што има најголема фреквенција на луѓе и возила од ден на ден се повеќе избледуваат и покрај тоа што обележувањето на хоризонталната сигнализација ЈП„ Водовод“ го изврши во периодот од месец јули до почетокот на ноември. Брзото избледување на боите е забележано и од надлежните во претпријатието кои што веднаш реагирале до фирмата од која што ги набавиле боите.
-Реагиравме веднаш до фирмата Kрушево -експорт барајќи да дојдат на…

Read More
1 830 831 832 833 834 920