Во Уметничката галерија во петокот беше отворена изложбата „(Де)кодиран бит“ на Марина Цветановска-Мартиновска – проект со кој уметницата го одбележува значајниот јубилеј од 25 години ликовно творештво. Поставката вклучува сликарски и скулпторски изведби, просторни и ѕидни инсталации, цртеж и друго. Визуелниот јазик на Цветановска-Мартиновска е мултимедијален и отворен: скулптура, цртеж, сликарство, објект и инсталација се третираат како рамноправни, а нејзината ликовна мисла се реализира низ континуирани експерименти со материјалот и просторот. Во постакадемската фаза, уметничкиот…
Види повеќеЛокално
Сообраќајна незгода кај реонскиот пазар, повреден возач
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 01.12.2025 година околу 00.17 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Октомвриска револуција” , „Иво Лола Рибар” и „Ѓорче Петров” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло” со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило „поло” со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово. Според СВР КУманово, во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К….
Види повеќеОштетена е фонтаната во Соколанскиот парк
Оштетена е фонтаната во Соколанскиот парк, информираат надлежните од комуналното претпријатие. Во објавата на ЈП „Чистота и зеленило“ пишува: „Во Соколански парк е извршен вандалски чин при кој е оштетена фонтаната.Станува збор за сериозно нарушување и уништување на јавен имот, што е целосно неприфатливо. Надлежните служби ќе постапат согласно своите овластувања, а екипите ќе пристапат кон санација“, информираат надлежните. ЈП „Чистота и зеленило“ ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи за брза и ефикасна реакција.
Види повеќеМеѓународен турнир во Пара пинг понг во Куманово
По повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, викендов во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ се одржа меѓународен турнир во Пара пинг понг, во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово.Спортската манифестација ја отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, посакувајќи им успешен настап на учесниците од Македонија, Србија, , Црна Гора, Бугарија и Босна и Херцеговина. На турнирот учество зедоа 19 натпреварувачи поделени во три категории. На присутните им се обрати и претседателот на ОСС…
Види повеќеПожарникарите со две интервенции во текот на измнатото деноноќие
Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале во два одделни случаи, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Според РЦУК, првата интервенција била во кумановското село Четирце каде што пожарникaрите гаселе опожарена куќа, а во вториот случај станува збор за техничка интервенција на булеварот „Октомвриска револуција“, односно пожарникарите биле повикани да отворат врата од автомобил во кој имало човек.
Види повеќеВИДЕО: Со игрите на среќа до големи добивки
Станови, автомобили, електрични мотори и парични добивки до 10.000.000 денари можат да станат ваши доколку сте корисник на инстант лотаријата. Државна лотарија во сегашната понуда има десет лозови, а секој од нив со примамливи, големи фондови и можност за радосно изненадување. Титаниум, Доме сладок доме, Урбан стил, Мега Милионер, Златна треска и останатити инстант лозови секојдневно пријатно ги изненадуваат граѓаните на Куманово. Еден од најомилените инстант лозови „Макси златна рипка“, носи премии вредни по 1.000.000…
Види повеќеДа помогнеме сите заедно за лекувањето на малиот Теодор!
На шестгодишниот Теодор Крстевски од Куманово, кој боледува од аутизам итно му е потребен специјализиран третман со матични клетки во Бугарија. Интервенцијата е закажана за 18 декември годинава во Пловдив и чини 13.750 евра, но за жал, не ја покрива Фондот за здравствено осигурување. Сите трошоци се на товар на семејството кое не може само да ги обезбеди неопходните средства. Затоа е потребна нашата поддршка да помогнеме малиот Тео самостојно да функционира. Донациите може да…
Види повеќеСоопштение од СВР Куманово
Дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово испратен до медиумите: На 27.11.2025 во 21:00 часот во СВР Куманово, С.Ѓ.(52) од Куманово пријави дека на 24.11.2025 во спортска сала на средно училиште во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.11.2025 во 08:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(63) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од…
Види повеќеПромоција на документарниот филм „Три манастирски цркви во кумановско“ на Валетина Андреиќ в понеделник во Занаетчискиот дом
Документарниот филм „Три манастирски цркви во кумановско“ на Валентина Андреиќ, кустос советник, историчар на уметност во НУ Музеј ќе биде промовиран в понеделник во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот. Документарецот на Андреиќ годинава е добитник на високото признание – ЗЛАТНА КАМЕРА 300, на 33-то издание на фестивалот во Битола. Филмот „Три манастирски цркви во кумановско“ претставува длабинска уметничка обработка на духовното и културното наследство на трите манастирски храмови, прикажани преку внимателно избрана визуелна…
Види повеќеСамостојна изложба на Марина Цветановска-Мартиновска вечерва во Уметничката галерија
Во Уметничката галерија во Куманово вечерва ќе биде отворена изложбата „(ДЕ)кодиран Бит“ од уметницата Мартина Цветановска-Мартиновска, со почеток во 19.30 часот. Рецензија за изложбата напиша Драгана Спасковска, историчар на уметноста. – „(Де)кодиран бит“ е насловот на изложбата, која во својата продукција идејно и ретроспективно го синтетизира дваесетипетгодишното ликовно творештво на академската уметница Марина Цветановска-Мартиновска. Доволен повод да се направи еден пресек, да се одбележи јубилејот и да се сумираат ликовните достигнувања на зрел и афирмиран…
Види повеќе








