Деновиве ќе започне акција за чистење на речните корита на Кумановка, Липковка, Којнарка и дел од Крива Река, соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски. Акцијата следи по одлука на општинскиот кризен штаб, навремено да се спречи опасност од можни поплави, а за оваа намена ќе се одвојат осум милиони и осумсто илјади денари. -Скоро три километри ќе биде регулирано чистење, сечење на грмушки, и отклонување на можни опасности од изливање на реките сливни и Кумановка во…
Види повеќеДневник
Дезинфекција во образовните институции
Службите од Центарот за јавно здравје при Општа болница Куманово пред стартот на учебната година ќе вршат дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Ќе бидат опфатени училиштата и градинките од сите општини од североисточниот регион. Надлежните посочуваат дека секоја година во овој период и за време на зимскиот распуст вршат дезинфекција на училишните простории, а дејствувааат и вонредно доколу има потреба. – Таа активност започнува оваа недела пред почетокот на учебната година со тоа што откако училиштата…
Види повеќеСе чисти дивата депонија во „Перо Чичо“
Екипа на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, во соработка со локалната самоуправа, интензивно ја чисти дивата депонија која што се наоѓа во близина на населбата „Перо Чичо“. Акцијата ќе трае пет дена, а надлежните се надеваат дека граѓаните ќе се освестат и повеќе нема да ја загадуваат животната средина. -Ова се акции кои наназад 10 години во пет-шест наврати се спроведуваат но резултатите ги гледате самите. Поради негрижа и однесување на граѓанството во некој сегмент…
Види повеќеНови подови во Здравствениот дом
Во Здравствениот дом Куманово во тек е реновирање на подовите на третиот кат, каде што се сместени канцелариите на административната служба. Директорот Миомир Панковски истакна дека средствата за реновирањето се обезбедени од буџетот на здравствениот дом. Вкупната вредност изнесува 463.000 денари, а изведувач на работите е приватна фирма од Скопје. -Се изведуваат градежни работи, всушност се работи за менување на подот, кој што е стар преку 40 години, од паркет кој што е дотраен и…
Види повеќеНаскоро едношалтерски систем во ЈП „Водовод“
Во административната зграда на јавното претпријатие „Водовод“ ќе се отвори канцеларија за едношалтерски систем. Директорот Горан Стојковски информираше дека условите за новиот систем, кој што гарантира подигнување на квалитетот на услугите, се обезбедени со помош на швајцарската влада. Тој вели дека граѓаните повеќе нема да мораат да шетаат низ целата зграда, тука од едно место ќе можат да ги добијат сите потребни документи или информирации, кои што се во нивна надлежност. -Обезбедивме средства во износ…
Види повеќеПразни нивите во Табановце- мигрантите ги нема
Нивите во кумановско Табановце што летово беа запоседнати од илегалните мигранти денеска се празни. Последниот бран бегалци со воз пристигнал вчера изутрина, но за кратко време го продолжиле патот кон соседна Србија. Само отпадоци од храна, ѓубре и стара облека останаа по нивното заминување, велат мештаните. Дел од нив тврдат дека мигрантите во потрага по храна, а очајни бидејќи останале без пари, почнале и да крадат во локалните продавници. – Оставија зад нив вистинска депонија,…
Види повеќеУчилиштата подготвени да ги пречекаат учениците
Основните училишта во градот интензивно се подготвуваат за почетокот на новата учебна година. Во дел од училиштата е извршена дезинфекција и дезинсекција, а наставниците заедно со училишните одбори го изготвуваат распоредот на часови. Директорката на основното училиште „Кочо Рацин“, Лидија Пешевска вели дека кај нив веќе се распоредени паралелките и училниците. -Веќе сме длабоко навлезени во подготовките, спремни да ја дочекаме оваа учебна година, со приемот на првачињата, уредување на учииштето, варосување, средување, околу хигиенските…
Види повеќеСамовработување на лицата со инвалидитет
Три инвалидизирани лица од Куманово со одржлив бизнис план веќе аплицирале за владината мерка за самовработување на оваа категорија на граѓани. Во Агенцијата за вработување денеска се одржа трибина на која беше појаснет проектот наменет исклучиво за лицата со инвалидитет, кој се реализира првпат оваа година. -Грантот е 5.000 евра неповратни средства, рефундирани средства за придонеси со можност на вработување уште на две лица по 92.000 денари. Ги повикувам сите лица со инвалидитет кои имаат…
Види повеќеИзгор цени на Зелениот пазар
Изгор цени на кумановскиот пазар. Особено отскокнуваат цените на пиперките, краставиците, карфиолот, крушите. Иако продавачите имаат полни тезги со овошје и зеленчук, сосема е мал бројот на купувачи. Тие потврдуваат дека годинава за разлика од лани цената е повисока на краставици кои се продаваат по 70 денари, како и пиперките, а главна причина за тоа се големите горештини. Додаваат дека нивниот труд се уште стои во нивите, бидејќи нема кој да го купи. Граѓаните коишто повеќе…
Види повеќеСо акредитација ќе се следат седниците на Советот
Во иднина кумановските новинари ќе мора да се акредитираат доколку сакаат да ги следат седниците на Советот на Општина Куманово. Оваа новост на новинарите, денеска им ја соопшти претседателот на Советот, Максим Димитриевски, кој истакна дека ова се прави со цел да се надмине проблемот со недостаток на места за седење и воедно да се подобрат условите за работа. Тие се согласија дека за разлика од минатото има значителен напредок за следење на седниците, но…
Види повеќе