Продолжува проектот за санација на патната инфраструктура во градот. Денеска се асфалтираше улицата „11 Октомври “ која води од општината кон кумановската болница, а за утре се најавуваат активности на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“. Асфалтирањето на улиците во градот го вршат две фирми, КООП Инженеринг и Катинг од Скопје, а целосната реконструкција на улиците ќе чини околу 22 милиони денари. Втората фаза од проектот финансиран од локалната самоуправа започна пред две недели со реконструкција…
Види повеќеДневник
По инцидентот во Лопате, осомничените се уште на слобода
Двете лица што беа повредени во инцидентот што се случи синоќа во близина на железничкиот премин во кумановското село Лопате утрово се пуштени на домашно лекување, информираат од хируршкото одделение, а по осомничените се уште се трага. До инцидентот дошло поради претходна расправија помеѓу две групи младинци од селата Липково и Отља. Според полицијата, вчеравечер околу 20 часот, двајца браќа 33 годишниот Фуркан и три години помладиот Фарук А. со уште едно, за сега непознато…
Види повеќеВо „Порака Наша“ се учи кројачкиот занает
Во тек е обуката за шиење на машина наменета за лицата со интелектуална попреченост кои го посетуваат дневниот центар „Порака Наша“ во Куманово. Кројачкиот занает го пренесува волонтерот од центарот за ромска заедница „ДРОМ“, Демир Исмаилов кој три пати неделно ги посетува корисниците. Од стара гардероба тие изработиле дизајнирани ташни, а во план се да започнат со креирање и шиење на фустани. Целта на работилницата е зголемување на степенот на интелектуални вештини,поголема самостојност и интеграција…
Види повеќеНов лик ќе добијат „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“
Со пари од УСАИД се реновираат училниците во основните училишта „Браќа Миладиновци“ во Соколана и „Бајрам Шабани“. Во тек се градежните активности за замена на прозорците и подовите, а целосно ќе се обноват и училишните тоалети. Санацијата која е дел од проектот „Мултиетничка интеграција во образованието“, се очекува да заврши наредниве денови. Од училиштето се надеваат дека со реновираните училници ќе се подобрат условите за настава на учениците од прво до петто одделение. -Ова за…
Види повеќеПрестрелка во Лопате
Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили. Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано. Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминала колона возила на специјалци. Просторот го надлетуваат и хелихоптери.
Види повеќеКуманово донира парична помош за Тетово
Педстотини илјади денари од буџетот на Општина Куманово ќе бидат донирани за помош на семејствата погодени од поплавите, кои го зафатија тетовскиот регион, беше одлучено на денешната вонредна седница. Освен парична помош Општината планира да испрати своја механизација и цистерни со вода, за да помогне со водоснабдувањето и чистењето на улиците во поплавените подрачја. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека Куманово е град на солидарност и хуманост, а тоа го докажа со претходно дадената поддршка за…
Види повеќеГраѓаните вознемирени од пукањата од ловната сезона
Пукотниците од огнено оружје, кои викендов ги вознемирија граѓаните на Куманово не се од вооружени дејствија или семејни веселби, туку поради ловната сезона на прелетен дивеч. Од ловечките здруженија во градот објаснуваат дека сезоната за лов на птици започнала од први август и ќе трае до 31 март наредната година, а се одвива во законски определени ловишта. Термините за лов се од шест до десет часот наутро и од петнаесет до деветнаесет часот навечер. Тие…
Види повеќеМештани го блокираа приодот кон Романовце
Жителите на Романовце утринава повторно го блокираа селскиот пат на надвозникот на автопатот Куманово-Скопје, барајќи фирмите кои се сопственици на сепарацијата и асфалтната база во Романовце и каменоломите во Краста да им го асфалтираат патот. Претседателот на месната заедница, Орхан Ахмети вели дека најголем проблем им претставува прашината која што се крева од товарните возила, а завршува на производите во нивните ниви. -Веќе една недела има блокада овде под мостот за влез и излез од…
Види повеќеНаместо справување со последици- превенција од поплави
Североисточниот регион иако беше зафатен од поголеми електромагнетни празнења кои што во одредени делови донесоа слаби врнежи од дожд сепак не предизвикаа пореметувања на нивото на водите во реките односно не дојде до излевање на речните корита, велат надлежните од Центарот за управување со кризи после вчерашните поројни дождови низ државава . -Иако е потребно дождот е секогаш потребен после долгиот период на сушата особено во земјоделието како една од агромерките мегутоа сепак од разговорите…
Види повеќеУкшини бара оставка од Стојковски
„Куманово ќе има проблем со вода, се додека Горан Стојковски е директор на јавното претпријатие „Водовод“, тврдат од Кумановско-липковско поле. Затоа бараат тој да си поднесе оставка, а тие ветуваат дека проблемот со водоснабдувањето на градот ќе се реши за 5 дена. -Нека поднесе оставка за максимум пет дена проблемот со вода ќе се реши, бидејќи новиот директор најверојатно ќе менаџира поубаво. Јас потенцирам доколку за 24 часа Горан Стојковски поднесе оставка Куманово ќе си…
Види повеќе