24-годишна кумановка вчера пријавила во полицијата дека била измамена од жител на липковско село за сума од 165.000 денари, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи. Според пријавеното, во август 2024 година пријавениот се понудил да и помогне за добивање работа во Швајцарија и побарал пари. Откако во декември 2024 оштетената му ги дала парите, повеќе не можела да стапи во контакт со него, соопштија надлежните. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Види повеќеДневник
Се проширува булеварот „Октомвриска револуција“
Започна изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски. Според објавата, станува збор за дел од булеварот на потегот од улицата „Доне Божинов“ до улицата „Братство Единство“. Според надлежните, проектот за изградба на кракот од „Октомвриска револуција“ ќе чини околу 25 милиони денари, а по завршувањето на овој дел ќе се отпочне со изградбата на новиот кружен тек. Во меѓувреме, партерно се уредени уште 5 краци од улицата „120“ во…
Види повеќеВИДЕО: Осумдесет години постоење на библиотеката „Тане Георгиевски“
Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ одбележува 80 години успешно постоење и работа. Свеченоста по повод значајниот јубилеј се одржа денеска во Занаетчискиот дом, а воедно во рамките на завршната манифестација по повод Месецот на книгата беа доделени дипломи и награди на најуспешните ученици, како и благодарници на сите учесници од општинските основни и средни училишта на литературниот и ликовниот натпревар претходно распишан, но и на натпреварот „Млад библиотекар“. Присутните имаа можност да проследат презентација…
Види повеќеИгор Липковски е нов в.д. директор на ЈП „Водовод“
Новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски. Липковски, кој инаку е член на Движењето ЗНАМ и беше кандидат за советник на локалните избори, на оваа позиција доаѓа од Одделот за човечки ресурси во ЈП „Водовод“ Куманово. Со ЈП „Водовод“ изминатиот период менаџираше Оливер Стојмановски.
Види повеќеВИДЕО: Како болницата обезбедува анестезиолози?!
До крајот на годинава Општа болница Куманово официјално останува без анестезиолог, информираше деновиве директорот на јавната здравствена установа м-р Сашо Стошевски. Последните двајца специјалисти по анестезиологија користат денови од годишен одмор и по Нова година заминуваат во пензија, посочува директорот. Во меѓувреме, болницата проблемот го надминува со ангажирање анестезиолози од повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Стошевски ги повикува анестезиолозите кои што во пензија да го следат примерот на спец. д-р Синиша Бајдевски и да…
Види повеќеМВР: Лишени од слобода пет лица поради злоупотреба на службена положба и овластување
На 25.11.2025 година, полициски службеници од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ги лишија од слобода Н.Р.(51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А.(61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К.(55) од Скопје, поранешен раководител во Агенција за стоковни резерви Скопје, Т.Д.(58) од Куманово, поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство…
Види повеќеМодната дизајнерка Сара Величковска со ревија во Куманово
„Walk of Power“ е колекција од модната дизајнерка Сара Величковска и моделарот Славица Симеуновиќ што ќе биде прикажана утревечер на првата модна ревија во Куманово што ќе се одржи во ресторан Аура со почеток во 19.30 часот. Сара Величковска е модна дизајнерка која својот професионален развој го гради во Италија, каде ги завршува магистерските студии во Фиренца. Нејзиниот дизајнерски израз е препознатлив по јасни силуети, чисти линии и современа интерпретација на класичната женственост. Сара создава…
Види повеќеВо тек е акција на полицијата и обвинителството поради сомненија за „злоупотреба на службена должност“
Јавното обвинителство на РСМ соопштува дека во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. Повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.
Види повеќеКумановци оштетиле паркирано возило, случајот пријавен во полиција
Секторот за внатрешни работи информира дека ноќва полициски службеници лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 19 години бидејќи се сомничат дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ со остар предмет оштетиле паркирано патничко моторно возило, сопственост на 28-годишен жител на село Долно Којнаре. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопштија надлежните. Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека на 24.11.2025 година во 23:10…
Види повеќеМаргица Антевска со концерт во рамките на „Денови на балканска етно ризница“
Во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Ризница“ од Куманово вчеравечер во Занаетчискиот дом се одржа традиционалната манифестација „Денови на балканска етно ризница“, годинава под наслов „Маргица Антевска со семејството и пријателите“. Културно-уметничкиот настан, поддржан од Општината, посветен на Денот на ослободувањето на Куманово, беше во чест на 55-годишната кариера на истакнатата музичка уметница и позната вокална интерпретаторка Маргица Антевска. „На сцената настапија и нејзините деца Марко Антевски и Милена…
Види повеќе








