Лајонс клуб Куманово ќе организира „Чваркаријада “ во сабота

 „Чваркаријада“ со хуманитарен  карактер ќе биде организирана в сабота со почеток во 12 часот во ресторан Грација. Забавата ќе биде отворена за сите заинтересирани граѓани и љубители на чварките и другите кумановски традиционални специјалитети, вели организаторот Влајко Стојчевски.
-Оваа забава ја правиме на ниво на Македонија и вообичаено сите 20 лајонс клубови од Македонија доаѓаат на манифестацијата со која сакаме да ја одржиме нашата македонска традиција , тука во дворот ќе има казан во кој ќе…

Read More

Изработка на Регистар на потенцијали за рурален туризам

Во рамки на активностите за изработка на „ Регистар на потенцијали за рурален туризам во СИП Регион денеска се одржа  првата работилница  на која беа презентирани моделите на квантитативно истражување и методологија на спроведување на квалитативно истражување. На презентацијата која беше во организација на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, учествуваа преставници од општините од североисточниот регион,земјоделци,граѓански здруженија како и преставници на бизнис заедницата.
-Денес започнуваме со нов проект финансиран од Министерството за локална самоуправа и УНДП за квалитативно…

Read More

Демант на Вукашин Мандиќ

Кошаркарот на Куманово Вукашин Мандиќ кој по претходните превирања во клубот беше прозван во некои медиуми, одлучи да даде демант на обвинувањата упатени на негова адреса. Мандиќ  денеска одговори во однос на критиките сметајќи дека на тој начин ќе се смират страстите.

Read More

Дел од општинарите во нови простории

Се пресели дел од општинската администрација во поранешната зграда на „Козјак“  спроти Градскиот стадион. Новите простории кои што општината ги изнајми за своите потреби веќе ги користат Секторот за инспекциски надзор, Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој и Одделението за јавни набавки. Ова е привремено решение се додека не се изгради новата зграда во која што  ќе бидат сместени сите 10 сектори. Потребата за префрлување на дел од вработените во…

Read More

Тезгите на пазарот полни- купувачи ни за лек

Иако продавачите имаат полни тезги со зеленчук и овошје, сосема е мал бројот на купувачи. Самите потврдуваат дека дел од раноградинарските производи кои што ги продаваат се скапи, но споредбено со цените во истиот период лани, краставиците, доматите и пиперките се продаваат по иста цена. Граѓаните периодов најмногу купуваат зелка, зелена салата и компир.
-15 денари парче пиперка , 150 пиперки, 120 краставици, марула 20, компир- кромид 20-30 денари,  немаат луѓето пари никој не купува, исти се…

Read More

Очната и ушната амбуланта во нови простории

Започнаа со работа реконструираните амбуланти на Одделението за очни болести и Одделението за уво, грло и нос во општата болница. Тие се дислоцирани од поранешните простории и се наоѓаат во зградата на поранешниот центар за дијализа со цел да бидат поврзани со одделенијата кои се на катот  над нив.  Надлежните сметаат дека со оваа новина пациентите ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги и тоа на едно место.
–  Со дислоцирањето на овие амбуланти сега создадовме еден систем…

Read More

Дива депонија во центарот на градот

Дива депонија е создадена на преминот од улицата „Илинденска“ кон „Гоце Делчев“, поточно на местото кадешто некогаш се наоѓаше барака на „Житомел“. Несовесни граѓани и станарите од околните згради, фрлаат најразновиден отпад и градежен шут, иако на само неколку метри има поставен контејнер. На ова фрекветно место секојдневно поминуваат голем број кумановци, кои најчесто го користат преминот за да го посетат Градскиот пазар. Тие велат дека и покрај неколкуте акции за чистење, на оваа локација…

Read More

Литературен конкурс по повод 8-ми март

„Бабите за своите внучиња“ е насловот на темата за конкурсот којшто го распиша Здружението на пензионери, по повод 8-ми март, меѓународниот Ден на жената. Сите заинтересирани своите творби можат да ги приложат во четири примероци, најдоцна до 1-ви март. Делата ќе ги разгледува жири комисија, а најдобрите ќе добијат пригодни подароци. Инаку творбите ќе бидат промовирани на Поетско-музичката вечер, која ќе се одржи на 7-ми март во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
-Се надеваме дека одзивот…

Read More

ЛДП: Конечно граѓаните знаат каков воздух дишат

Со ставање во функција на мерната станица, е направен мал но значаен чекор кон подигање на општата еколошка свест, а кумановци конечно имаат информации каков воздух дишат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП,  Филип Јаневиќ.
-Иако во опозиција, ЛДП заедно со граѓаните успеа да се избори во Куманово конечно да биде поправена мерната станица од страна на Министерството за животна средина. По долги години нејзино нефункционирање, денeска мерната станица го покажува нивото на загаденост на…

Read More

617 мигранти „заглавени“ на Табановце

617 мигранти од Авганистан се сместени во Транзитниот центар Табановце затоа што не можат да ја минат границата. Веќе три дена српската гранична полиција не им дозволува влез на нивна територија . Од вчера и во Македонија се пропуштаат  само мигрантите кои што потекнуваат од Сирија и Ирак, кои покрај официјалниот документ, мора да имаат и пасош или лична карта, пренесуваат медиумите. Авганистанците се во тампон зоната на границата меѓу Македонија и Грција.  И раководителот…

Read More
1 900 901 902 903 904 937