Големата сала во зградата на поранешен Комитет ќе добие нов лик, до 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово. Деновиве забрзано се работи на реконстукцијата на салата, која треба да биде уредена според највисоки стандарди. Средствата се обезбедени преку проектот на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во вкупен износ од 2 милиони и 400 илјади денари. И Советот на општината, на наредната седница треба да донесе одлука за 370 илјади денари, кои се…
Read MoreДневник
УМС ВМРО-ДПМНЕ: Кумановци со маски да шетаат на Градскиот кеј
Унијата на млади сили на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на саркастичен начин упати критика до локалната самоуправа дека не се грижи за јавните површини. Тие им препорачаа на граѓаните кога шетаат по Градскиот кеј задолжително да користат маски за да спречат вдишување на бактерии.
-Шеталиштето на Кејот е во катастрофална состојба, со искршени бекатони и големи дупки, а воедно изобилува со големи количини на смет од кој се шири непријатна миризба. Но тоа не е…
Изгоре кров на напуштена куќа
Пожар избувна вчера во 20 часот во напуштена куќа на улица Димитар Влахов, лоцирана во близина на Стара црква. Огнот го зафатил покривот и дел од внатрешноста на објектот. Според очевидците станува збор за стар и руиниран објект, напуштен повеќе од десет години. Тие посочуваат дека таму во доцните вечерни часови се собираат наркозависници и бездомници. Соседите велат дека живеат во страв бидејќи очекуваат дотраената конструкција да падне во нивниот двор и да им направи…
Read MoreВолк задави овци во селото Пчиња
Осум овци и две кози се задавени, а уште седум овци биле нападнати, но преживеале кога утрово околу 5 часот волк се спуштил од боровата шума над кумановското село пчиња и се нафрлил врз стадото во трлото на 70 годишниот Никола Петровски. Среќа во несреќа е што крволочното животно не ги удавило сите 115 овци од кои го прехранувам семејството, вели сточарот.
– Околу 5 часот беше јас пред тоа бев надвор, беше мирно, потоа се…
Read MoreКонцерт на Македонската филхармонија
Во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер, во 20 часот концерт ќе одржи Македонската филхармонија. На програмата ќе се најдат Гавота од Бах, Словенски танц од Дворжак, Валс на цвеќињата од Чајковски, Адаџо за кларинет и гудачи од Вагнер во придружба на солистот Здравко Ангелов, како и Балетска музика од Фауст на Гуно, Нимрод од Енигма варијации на Елгар и Пајдушко на Сони Петровски.
Концертот кој ќе го води дирегентот Бојан Цанев се…
Специјалниот обвинител ќе работи на случајот „Куманово“
Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева најверојатно ќе работи и на случајот „Куманово“ против членовите на вооружената група кои беа уапсени по инцидентот во населбата „Тоде Мендол“ пренесуваат повеќе медиуми.
Обвинителите доделени на случајот, по собирањето на докази, изјавиле дека ќе го предадат случајот на понатамошна обработка на новиот специјален обвинител, кој беше избран денеска, по политичкиот договор меѓу најголемите партии во оваа земја.
Специјалниот обвинител за ова прашање, дискутирал денеска на средбата со македонскиот министер за правда…
Поливалентна вакцина пристигна во Здравствениот дом
Кумановските центри за вакцинација се снабдија со илјада дози од новата петовалентна вакцина, „пентаксим“ која штити од дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа и Хиб. Од детскиот диспанзер за вакцинација велат дека долго ја очекувале комбинираната вакцина бидејќи со едно боцкање децата се заштитуваат од повеќе заразни болести.
-Една вакцина пентоксим содржи 5 вакцини и штити од пет заразни болести.Порано ги дававме одделно се пиеше и ставаше во рака и нога, а сега истата се дава…
ВМРО-ДПМНЕ: Куманово се дави во смет
Градоначалникот Зоран Дамјановски 11 години не може и не сака да го реши проблемот со нечистотијата во градот, истакна Валентина Јовановска, член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Според неа депонијата лоцирана во населбата Перо Чичо, поточно во близина на маркетот Туш, е само една од неколкуте кои создаваат негативна слика за Куманово, а истовремено се и сериозно жариште за заразни болести.
-Оваа депонија тука е пример за неисполнетите ветувања на Дамјановски, за неговата негрижа кон…
Пуштена во употреба спортска сала во Липково
430 ученици од основно училиште „Дитурија“ во општина Липково од денеска часовите по физичко образование ќе ги одржуваат во спортска сала. Владиниот проект за изградба на 145 спортски училишни сали континуирано се реализира во сите општини низ државава. Според надлежните ова е пример за успешна соработка меѓу централната и локалната власт со цел модернизација и усовршување на училишната инфраструктура.
-Ова е втора сала во липковско, која се протега на површина од 650 метри квадратни. За оваа…
Запленета марухана во Tабановце
Околу 4 килограми марихуана и 71 стебло од растението „канабис сатива “ утрово заплени кумановската полиција во пограничното село Табановце. 65 годишен жител на Табановце и неговиот 30 годишен син растението го одгледувале во семејниот двор. Во утринските часови извршен е претрес и на домот и во другите простории во нивна сопственост. Покрај другото, пронајдена е и воздушна пушка.
-Одземени се и предмети ( црево, туби, мотика) кои се користени за одгледување и обработување на трастенијата,…