TИМ КОЈ ВЕТУВА: Јанева придружен вокал на Тамара за Евровизија

Александра Јанева е дел од евровизискиот тим кој во мај ќе ја претставува Македонија на сцената на „Евровизија“ во Тел Авив, Израел.

Екипата на Тамара Тодевска откри дека зад неа како вокална поддршка ќе се појави талантираната струмичанка.

Покрај неа ќе настапат и Антониа Гиговска и Васил Гарванлиев.

Песната „Proud“ e авторско дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска.

Им посакуваме успех!


Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)