Поради топлото време, Владата вчера излезе со препораки за заштита од топлото време. На работодавачите им се препорачува од денеска до сабота да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, а се овозможува и работа од далечина и флексибилно и двократно работно време онаму каде што е изводливо.
Исто така се препорачува да се одложи работниот процес во периодот од 11 до 17 часот за оние работници кои се изложени на директна топлина.
Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.
Претходно Министерството за здравство препорача граѓаните да се заштитат од високите температури, по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека се очекува значително зголемување на дневните температури.
При симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш да се побара медицинска помош, да се седи во разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот, се дел од препораките на здравствените власти.