Кумановецот Бобан Стефановски минатата седмица се искачи на највисокиот врв на вулканот Килиманџаро, врвот Ухуру Пик (5895м.), кој воедно е и највисоката точка во Африка.
Нашиот добропознат планинар, алпинист и основач на планинарско спортскиот клуб „Поларис“ Стефановски бил единствениот претставник од Македонија во неговата група од 14 планинари. Повеќегодишно искуство во планинарење, физичката и психичката подготвеност се дел од клучните фактори за учество во ваквите експедиции, посочува Стефановски, кој претходно има искачено осум светски врвови.
Омилениот врв за Бобан е Казбек (5054м.) на масивот Кавказ на самата граница меѓу Русија и Грузија.
Последната експедиција на највисоката планина во Африка траела 13 дена.