Иако пчеларите годинава имаат ниски приноси на мед сепак тоа не ги обесхрабрува посветено и навремено, како и претходните години да ги извршуваат задачите на време со цел да се добие здраво, силно и продуктивно пчелно семејство. Лошата година во однос на приносите за пчеларите не значи и зголемување на цената на медот. Веќе неколку години еден килограм мед се продава по цена од 600 денари.
И годинава производители на мед и пчелни производи од Куманово, Скопје, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Штип се ученици на 29 -то издание на саемската манифестација Денови на мед 2026, што се одржува на градскиот плоштад.