Изградба на нова детска градинка во населбата Зелен Рид и комплетно уредување на просторот, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски.
– На оваа локација овде кај што е планирана изградба на детска градинка, во минатото беа дадени милионски суми за оштета по судска пресуда од страна на општината кон поранешните сопственици на земјиштето. Денеска дојде време да се обезбедат средства за изградба на нова детска градинка со капацитетот над 400 деца и комплетно партерно уредување на цел тој простор, што дополнително ќе ја оплемени оваа населба. Исто така сакам да ве информирам дека е во план и изградба и довршување на сите краци на улица АВНОЈ и завршување на фекалната канализација којашто е децениски проблем. За сите проекти се обезбедени средства преку Владата на Република Македонија и во следниот период општината истите ќе ги реализира, кажа Димитревски.