Со стартот на новата учебна година започна едносменска настава во основното училиште „Вук Караџиќ“.
Придобивките од воведувањето на едносменско работење се значајни, не само за учениците, туку и за наставниците и родителите. Првенствено, децата повеќе време ќе се задржуваат на училиште, повеќе ќе се социјализираат, со едносменско работење, како што велат од Министерството за образование и наука, се решава и предизвикот со вишокот наставници, кои остануваат да работат со учениците преку додатни активности, а ќе се намалат и тековните трошоци на училишните објекти.
Во основното училиште „Вук Караџиќ“ од минатата година функционира и продолжен престој за учениците, а континуирано се инвестира во подобрување на условите за настава, информира директорот Ивица Ѓорѓиевски.