Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа состанок во врска со актуелните опожарувања што се случуваат изминатиот период во попладневните часови на потегот Средорек – Стари лозја – Бавчи, се до влезот на населбата Перо Чичо.
Кризниот штаб донесе повеќе заклучоци, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
– Од денеска отпочнаа со заеднички патроли комуналната инспекција и Полициската станица од општа надлежност со цел превенирање, но и откривање и санкционирање на сторителите, соопшти Димитриевски.