Познатиот невропсихијатар, Мице Дудучки, заедно со својот син, психолог се пријавил на повикот на Министерството за здравство, доброволно да заминат и да пружат помош на психотрауматизираните лица по разорниот земјотрес во Турција. Вели бројките на загинати и повредени во земјотресот во Турција се големи, но уште поголеми се на психотрауматизираните лица, кои имаат потреба од итна помош и згрижување. Поранешниот воен лекар раскажува дека жртви не се само лицата со физички повреди, туку и сведоците.