Повеќе од една година во рамките на основното училиште „Браќа Миладиновци“ на улицата „Тане Георгиевски“ успешно функционира Центарот за поддршка на ученици со попреченост.
Центарот го посетуваат ученици кои што имаат проценка направена од Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), а со нив работи стручен тим, предводен од дефектолот Оливера Митевска Ѓорѓиевска.