Првиот круг од локалните избори помина во фер и демократска атмосфера, без пријави за евентуални нерегуларности, изјави Кристина Цветковска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово, вчеравечер непосредно по затворањето на избирачките места во 19 часот.
Дека изборниот процес во текот на денот течел без никакви проблеми кажаа и повеќемина претседатели и заменици на претседатели на избирачки одбори во Куманово.
Своето демократско право вчера го остварија и кандидатите за градоначалник на општина Куманово.