Со свечена културно-уметничка програма, колективот и учениците на основното училиште „Вук Караџиќ“ во петокот во Занаетчиски дом, го одбележаа јубилејот – 80 години од постоењето и 238 години од раѓањето на големиот реформатор на српскиот јазик и азбука.
Манифестацијата која се состоеше од драмски и литературни изведби, музичка интерпретација, фолклор, модерен балет носеше наслов: „Пиши као што говориш, читај: Постоиме 80 години”.
Историјатот и плодната успешна работа на училиштето беше прикажана преку видео презентација, а пред присутните се обрати директорот на ООУ „Вук Караџиќ“, Ивица Ѓорѓиевски.
„И што да се каже повеќе од она што го видовме од видеото за ликот и делото на Вук Караџиќ и личната карта на нашето училиште. Можеби и треба да размислиме да создавање на една голема монографија, но тоа нека биде биде цел на идните генерации во наредниот период“, кажа Ѓорѓиевски.
Традиционално, по повод патрониот празник, училиштето распишува литературен конкурс со наслов „Визија за моето училиште во иднина“, на кој првите три награди им припаднаа на учениците, Анастасија Колевска- прво место, Хелена Трајковска и Марта Јордановска – второ место, Никола Георгиевски, Анеса Мустафа и Драгана Петрушевска- трето наградени.
Паралелно со литературниот, беше распишан и ликовен конкурс и наградени повеќе ученици:
-1 место категорија од 1 до 5 одд.: Јована Димишковска;
-2 место категорија од 1 до 5 одд.: Сара Димовска, Теона Тричковиќ;
-3 место категорија од 1 до 5 одд.: Михаил Грговски, Анастасија Ајтарска;
-1 место категорија од 6 до 9 одд.: Драгана Петрушевска;
-2 место категорија од 6 до 9 одд.: Хелена Трајковска, Никола Георгиевски;
-3 место категорија од 6 до 9 одд.: Марта Јордановска, Јована Тасевска.
Инаку, за успешната воспитно-образовна дејност, на свеченото одбележување на патрониот празнк, сите наставници добија благодарници од директорот, а од името на колективот, благодарницата на Ивица Ѓорѓиевски му ја додели наставникот по македонски јазик Николче Јакимовски, кој што е член на Училишниот одбор и претседател на Комисијата за патронат и свечени одбележувања.