Со самостојна изложба, познатиот уметник и историчар на уметноста Гоце Божурски деновиве ја отвори манифестацијата „Денови на македонска култура“ во Нишкиот културен центар. Изложените дела припаѓаат на циклусот „Wall Art“.
Божурски е добитник и на високо меѓународно признание – „Специјална награда за значаен придонес и ликовни достигнувања во минијатурната уметност“ на второто „Меѓународно биенале на минијатурна уметност – графика и цртеж“ во Битола, кое се одржа на 12 август годинава.
Во рамките на Биеналето, Божурски се претстави и со самостојна изложба.
Уметникот Гоце Божурски зад себе има десетици самостојни изложби и учество во стотина групни изложби во Македонија и во странство. Добитник е на повеќе национални и меѓународни награди. Божурски скоро четири децении се занимава со ликовна критика и автор е на стотина текстови, осврти и критика за многу македонски и странски уметници.
Гоце Божурски има работено како кустос во уметничката галерија во Куманово, беше директор на кумановскиот Народен театар и долгогодишен (скоро две децении) советник за ликовна дејност во министерството за култура.