Со Државна лотарија среќата е насекаде. Дека навистина е така по којзнае кој пат се уверија граѓаните на Куманово кои што како случајни минувачи на градскиот плоштад добија на подарок инстант лозови од Лотарија. Инстант лозовите им ги додели Драган Ивановски – Шани од „Нема љутиш“ во придружба на новото бренд лице на Државна лотарија, Кристина Димитри.
-И те како има среќни кумановци и високи добивки. Има неверојатни две седумки и навистина кумановци имаат среќа под прстите. Граѓаните секогаш да играат и да веруваат затоа што среќата е насекаде, изјави Кристина Димитри, заштитно лице на Државна лотарија
Со разновидната палета на инстант лозови на Државна лотарија, Калинка, Златна треска, Хороскоп, Титаниум, Доме сладок доме , Мега Милионер, Дијамант, Макси Златна рипка, Фрути и Урбан стил, среќата секогаш е под прстите.
Државна лотарија потсетува на важноста од одговорно учество во игрите на среќа кои не се наменети за лица под 18 години.