„Ќе го продолжиме концептот на јавно-приватно партнерство за јавното осветлување во градот, но јавно-приватно партнерство кое што ќе биде комплетно транспарентно и достапно за сите граѓани“, соопшти денеска на прес-конференција Горан Стојковски – Диро, независен кандидат за градоначалник на Општина Куманово.
„Моментално имаме јавно осветлување кое што функционира пет дена пред избори и очигледно два дена по изборите…
Инаку, вчера разбрав дека ВМРО на Груевски кое во 2013 година во Куманово имаше 18.000 гласа и во 2016 имаше над 19.000 гласови е лошото ВМРО, а ВМРО на Бобан Николовски и на Бране Петрушевски кое што има во Куманово цели 7.100 гласа е добро ВМРО. Им оставам на членовите на ВМРО самите тие да просудат кое ВМРО е добро и самите да решат што ќе прават на 02 ноември“, кажа Горан Стојковски- Диро, независен кандидат за градоначалник на Куманово.