Вработена во маркет на улица „11-ти Октомври“ во Куманово денеска во полицијата пријавила дека вчера околу 13.30 часот три лица платиле за производи со фалсификувана банкнота од 100 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.