На територијата на општина Куманово ноќта меѓу 24 и 25 јуни годинава ќе се спроведе втората фаза од терестичката дезинсекција, насочена кон третирање на возрасната форма на комарци, се наведува во соопштението на општината.
Операцијата ќе опфати повеќе локации низ градот, меѓу кои централното градско подрачје, кејот на реката Кумановка, населбите Тоде Мендол, Зелен рид и Перо Чичо, како и село Романовце и м.в. Бејтови ниви.
Посебен акцент ќе биде ставен на подрачјето околу Општата болница, училиштето „Толи Зордумис“ и градските гробишта.
Од општина Куманово нагласуваат дека доколку временските услови бидат неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот следен ден со соодветни услови.