Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со ученици од втора и трета година од СОУ Гимназија „Гоце Делчев” кои што презентираа идеи од областа на социјални иновации, со кои се претставија на регионалниот Upshift натпревар, кој се одржа во Сараево од 11-14 ноември годинава. Во конкуренција на средношколски тимови од Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска, кумановските гимназијалци беа единственото училиште кое учествуваше со два тима, од кои едниот, тимот Eco Flame се пласираше меѓу најуспешните пет во државата, чија идеја ќе биде финансирана во следните месеци.
Проектите се идејни решенија за здрава и одржлива животна средина како на училиштето, така и на градот.