Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари работна средба со претставници на кинеската компанија China Shandong International Economic & Technical Cooperation Group Ltd.“, на која разговарале за можностите за воспоставување деловна соработка и реализација на идни инвестициски проекти во Куманово, со посебен акцент на индустриската зона Новини и Речица.
„Разменивме мислења и информации за инвестицискиот потенцијал на Општината, можностите што ги нуди индустриската зона, како и условите за реализација на идни активности и вложувања од страна на кинеската компанија. Останувам посветен на отворање нови можности за соработка со домашни и странски инвеститори, привлекување нови инвестиции, отворање работни места и поттикнување на локалниот економски развој. Мојата цел е јасна – Куманово да биде град со поволни услови за инвестирање, развој на бизнисот и нови економски перспективи за сите наши граѓани“, објави градоначалникот Димитриевски.