Излезете и бидете одлучни за промени, доста владее црно-белиот свет, порача на прес конференција кандидатката за градоначалничка на Куманово, Теодора Димитровска, од коалицијата на ЛДП и ДОМ.
-Во досегашниот тек од кампањата претставивме повеќе од половина од нашата програма но денеска сакам да се задржам на неколку работи. Една од нив е воведување на ГИС, поставување на подземен катастар во кој ќе бидат сместени водоводната, канализационата и атмосферска инфраструктура, тука се шахтите сите приклучоци, електричните кабли, на сите површини ќе ставиме зелени островчиња каде се наоѓаат крстосници, исто така предвидуваме намалување на паушалите на советниците за 6.000 денари и ги пренасочуваме тие средства за ужинка на деца кои се во основно училиште до 5-то одделение. И за крај но не помалку важно е поставување на саат кула, која што била во 17-от век во Куманово и во самата кула поставување на едно туристичко информативно биро кое од една страна ќе биде сувенирница, каде нашите граѓани ќе можат да изработуваат сувенири кои се значајно обележје на нашиот град а од друга страна туристите ќе можат да дојдат во самото тоа биро и да се запознаат со тоа какви туристички места има Куманово каде може да заминат. Ве поканувам сите во недела на 17-ти да излезете и да бидете одлучни за промени. Доста веќе во Куманово владее црно-белиот свет. Доста веќе сите чувствуваме дека нема простор за други сили, друга енергија и друга генерација на политичари. Бидете одлучни и заокружете број 2, за мене и носителот Валентин Ефтимовски-истакна таа.