На 05 август 2026 година, студентите на Еуро Колеџ Куманово реализираа студентско научно истражување на тема: „Идеи за млади (студенти) за подобрување на животот на младите во град Куманово“ , објави на Еуро Колеџ.
Преку истражувањето и заедничката дискусија, студентите предложија голем број идеи насочени кон подобрување на студентскиот и младинскиот живот во Куманово – од студентска картичка, студентски хаб, практикантски програми и иновативен фонд, до младински совет, AI Bootcamp, спортски активности и поддршка за младински иницијативи, информираат од
„Посебен акцент ставивме на идејата „Студентите го менуваат Куманово“ – младите да предлагаат решенија за проблемите во градот, а најдобрите идеи да добијат можност да бидат реализирани. Како следен чекор, планираме создавање Младински портал, каде младите ќе можат да ги споделуваат своите идеи, да гласаат за предлозите на своите врсници и најдобрите идеи да добиваат финансиска поддршка (funding) и можност да станат реалност. Веруваме дека Куманово може да биде град во кој младите не само што имаат идеи, туку и активно учествуваат во нивната реализација“, пишува во објавата на ФБ.
Инаку, студенти на Еуро Колеџ Куманово, на 09.08.2026 година, се приклучија на @gradinarot.mk и @kesanadeset во хуманитарната еко-акција „Чистење на град Куманово“. Акцијата се одржа во околината на ресторанот „Скара кај Жмара“, каде што заедно со останатите учесници придонесовме за почиста и поуредна околина.
„Преку заеднички ангажман, тимска работа и волонтерски дух, нашите студенти уште еднаш покажаа дека младите можат да бидат важен дел од позитивните промени во локалната заедница“, објави Колеџот.
Фото: ФБ Euro College