Термините за вакцинацијата, што започна од денеска и во Куманово, се од 8 до 21 часот. Закажаните граѓани ја примаат без застој и засега бројката е 78 вакцинирани на ден. Болки на местото на боцкањето, оток и минливи симптоми на настинка се симптомите што се очекувани и секој пациент по примената вакцина се задржува петнаесетина минути за набљудување. Со оглед на тоа дека првата фаза од имунизацијата е за лица на возраст над 77 години и за хронично болните, Здравствен Дом Куманово потврдува дека се работи за оваа старосна група и дека најстариот пациент утрово бил на 82 годишна возраст.