Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово бидејќи во местото викано „Бавчи“ бил затекнат при обид да запали бакарни кабли.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.