Дваесет и четири композиции во изведба на мали, но големи пејачи вечерва во големата сала на Центарот за култура.
Организаторите, Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и Телевизија Плус ветуваат прекрасна вечер исполнета со детска позитивна енергија на вториот по ред фестивал за деца „Мали, но големи пејачи“, чиј идеен творец е професорот Стојадин Ивановски- Дине.
Билети за фестивалот, кој започнува во 19 часот и 30 минути можат да се купат и пред почетокот на музичката манифестација.