Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 15-годишно момче од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, тој се сомничи дека од приватен имот во Куманово одзел повеќе предмети.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.