Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода две лица од Куманово на возраст од 24 и 18 години, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, при претрес во домот на првопријавениот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.