Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, организираше прием за најдобрите припадници од Секторот за внатрешни работи Куманово и Територијалната противпожарна единица Куманово, упатувајќи им искрени честитки за нивната професионалност и пожртвуваност во извршувањето на работните задачи и им додели пригодни подароци, објави Општина Куманово.
Признанието најдобар претставник од безбедносните сили му припадна на полицискиот службеник од Полициската станица за безбедност на патен сообраќај, Милорад Трајковски, признанието за најдобар поединец во Одделението за криминалистичка полиција му беше доделено на вишиот инспектор Арменд Афузи, а за најдобар припадник на ТППЕ Куманово е прогласен пожарникарот спасител, Сашо Бошковски.