ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер на градскиот плоштад организираше трибина на тема: Од енергетска стабилност до силна економија, на која пред кумановци говореше и лидерот на партијата и премиер на Македонија Христијан Мицкоски.
-Вчера на седница на Влада се официјализираше Меморандум за соработка со компанијата Казанџи груп која што е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од 1 милијарда. Градењето на когенеративни гасни централи е единственото трајно решение за загадениот воздух, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, на синоќешната трибина во Куманово на тема „Од енергетска стабилност до силна економија!“.
-Прво што правиме е легислатива. Работевме на легислативата, го донесовме првиот Закон за енергетика со помош и на пратениците. Имавме 14 јавни дебати. Ги вклучивме сите. Прифативме и од опозицијата амандмани, се со цел за граѓаните. Се што е добро за граѓаните, ние прифаќаме. Воведовме ред исто така и во минералните суровини. Од оваа година за 100 проценти ги зголемивме сите давачки. Имаме наплата во првиот квартал дупло повеќе од минатата година“, кажа Сања Божиновска, министер за енергетика, рударство и минерални суровини.
-Спроведуваме мерки за градење на интегритет, подобрување на професионализмот во самата Царинска управа, казнуваме по заслуга но и наградуваме по заслуга. Новиот тим има максимална посветеност на испорачување на резултати, почитување на рокови и спроведување на проекти – истакна на трибината Бобан Николовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово и директор на Царинска управа.
– Со претходната влада енергетиката беше спомнувана само во контекст на криминали, сега се работи на јакнење на енергетски капацитети во интерес на граѓаните, кажа Бране Петрушевски, пратеник во Собранието
– Само на 31 декември 2023 година се пријавени 690 лица, пред избори пријавиле 690 лица од коишто скоро сите со несоодветно образование, на несоодветни позиции. За жал, голем дел од нив не ни оделе на работа. Систематски е уништувана компанијата заради неспособност, заради лукративност, тука пред се мислам на криминал, систематски се уништувани рудниците“, истакна Лазар Узунчев, директор на ЕСМ.