Куманово е град на танцот, театарот и песната. Тоа го докажа денс студиото „МАК“ со мјузиклот „Аладин во царството на соништата“, претставен вчеравечер пред публиката во големата сала на Центарот за култура.
250 членови на студиото „МАК“ беа дел од театарската претстава за деца и млади во режија на актерот Горан Илиќ, кореографијата на Мерлин Стојановска.
„Аладин во царството на соништата“ не е само претстава – тоа е празник на детската фантазија и радост, каде што секое дете може да биде херој во својот свет на соништата, посочуваат организаторите.