Екипи на ТППЕ Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на неколку локации во кумановско.
Во населба Карпош на улица 150 опожарени се куќа и електричен столб, во Агино село интервенирано е на запалена сува трева и стрништа, каде што покрај пожарникарите, гаснеле и мештаните. Сува трева и стрништа гореле и во селата Табановце, Четирце и Ваксинце.
Екипи на ТППЕ од Ст.Нагорчане интервенирале во село Стрновац каде што била зафатена 70 хектари површина со стрниште, житни култури, лозје,сува трева, една стара напуштена куќа и 1 плевна. И во овој случај при гаснењето биле вклучени и мештаните со своите трактори. Во пожар во с.Младо Нагоричане( Св.Петка) има опожарено околу 15 хектари површина со сува трева, стрниште, помошен објект со 900 бали сено, една стара напуштена куќа напуштена и електрични столбови. Во гаснењето учествувале седум пожарникари и 30 тина мештани со 15 трактори.
Според дежурниот на ТППЕ Ст.Нагоричане, причина за пожарите е спој на електрични жици, пишува во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.