На вториот владин повик за инфраструктурно уредувањe, Општина Куманово ќе аплицира со единаесет проекти, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности.
Општината ќе аплицира за изградба на градинка во населбата Зелен рид, за изградба на гасоводна мрежа во индустриската зона Карпош, како и на училиштето „Толи Зордумис“ и гасификација на пет улици во различни подрачја од Куманово, ул.„Горна Милановачка”, „Вараждинска”, „Никола Тесла”, „Драган Стопаревиќ”, „Тоде Думба”.
Општина Куманово ќе аплицира и за изградба на улицата „425” во населба Ајдучка Чешма, изградба на улиците: „716”, „719”, „717”, „725”, „723”, „722”, реконструкција на ул. „715”, м.в. Гладно Поле, изградба на улица „АВНОЈ” со 4 крака, реконструкција на улица „Индустриска”, реконструкција на дел од улица „600” (Кумановска бања – УЕ Проевце).
Ќе се аплицира и за реконструкција на спортска сала Куманово – фаза електрика и партерно уредување и за изведба на систем за ладење и греење. Општината ќе побара средства и за реконструкција на мост на река Пчиња и реконструкција на дел од Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово.
На овој повик општината побарува 814 милиони денари.