Здравствената состојба на животните во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково останува стабилна и под контрола, соопштија денеска надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.
Според директорот д-р Зоран Пешевски фармерите применуваат соодветни мерки за биосигурност, што овозможува сигурно производство на млеко и месо, а за граѓаните безбедна и контролирана храна.