Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера попладне било пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ настанал пожар во стан, сопственост на 58-годишен кумановец. Како што соопштија надлежните, пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Претходно, за пожарот информираше и Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен, во кој како причина за настанатиот пожар се наведува „пукната“ плинска боца, како последица на што бил оштетен и мебел во кујната.