Секторот за внатрешни работи Куманово информира за две сообраќајни незгоди што се случиле викендов во кумановско.
Во првиот случај, според пријавата во СВР Куманово, незгодата се случила на локален пат Куманово-село Табановце, во атар на с.Четирце, кога патничко моторно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од жител на село Горно Којнаре, кумановско, излетало од патот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот констатирани во Општа болница Куманово“, соопштија од СВР Куманово.
Во вториот случај станува збор за сообраќајна незгода на локален пат Куманово-село Пчиња, помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 50-годишен кумановец и патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишен кумановец. Во незгодата имало двајца повредени, соопштија од полицијата.